Летен десерт: Вртени кори со чоколадо и малини
Колку пати сте посакале чоколадна баклава, но ви било пресложено за да ја зготвите?
Овој рецепт е многу блиску до вкусот на баклава, а се подготвува на далеку полесен начин и изгледа многу попримамливо од традиционалниот десерт.
Секој може да се обиде да ги направи овие алтернативни баклави полнети со топено чоколадо и малини на врвот, кои ќе ви станат омилен летен десерт.
Потребни состојки:
- 20 парчиња кори за баклава
- 170 g стопен путер
- 1 шолја шербет
- 1 ½ шолја чоколадо, стопено
- 1 ½ шолја сечкани фстаци
- 1 шолја малини
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 170˚С. извадете една кора и целосно премачкајте ја со стопениот путер. Преклопете ја кората на пола (така што страните со путерот ќе се спојат).
Од пошироката страна на кората почнете да ролате тенко стапче/сукало до другиот крај на кората.
Наберете ги двата краја и извадете го стапчето, а од ролната направете кружна форма и ставете на хартија за печење.
Премачкајте ги сите „баклави“ со путер и ставете да се печат 25 минути додека не добијат златно-кафеава боја.
Извадете ги од рерна и веднаш намачкајте ги со шербетот. Во средината наполнете го секој прстен со 1 лажица од стопеното чоколато и наросете од фстаците, а на врвот ставете малина.
Од видеото може да видите целосен начин на подготовка:
М. М. | Црнобело