Бразилска сладолед торта со наполитанки за летно освежување

Најдобар начин да се разладите во летните денови е со сладолед, но ако сте љубител на благото, нема подобра комбинација од торта со сладолед.

brazilska-sladoled-torta-so-napolitanki-za-letno-osvezhuvanje-01.jpg

Овој рецепт за бразилска сладолед торта се подготвува лесно, а ќе ви биде одлично летно освежување.

Потребни состојки:

За сос од карамел:

  • 200 g слатка хопла
  • 400 ml незасладено кондензирано млеко
  • 1 лажица путер
  • 4 лажици шеќер
  • 4 лажици чоколадо во прав

За фил: 

  • 400 g наполитанки со чоколадо и лешник
  • 2 l сладолед од ванила или бело чоколадо

Начин на подготовка:

За подготовка на сосот од карамел измиксирајте ги хоплата, кондензираното млеко, путерот, шеќерот и чоколадото во прав. Ставете ги на шпорет и гответе околу 30 минути со повремено мешање додека сосот не згусне. Оставете го да се излади.

Во меѓувреме смелете ги наполитанките и извадете го сладоледот малку да се стопи на собна температура. Калапот за торта обложете го со хартија или фолија и на дното истурете две третини од издробените наполитанки.

Прелијте ги со две третини од сосот од карамел и со две третини од сладоледот од ванила, а потоа израмнете ја смесата.

Потоа врз сладоледот повторно додадете ги преостанатите издробени наполитанки и прелијте со сос од карамел, а најгоре покријте со остатокот од сладоледот.

Оставете го десертот во замрзнувач неколку часа или најдобро преку ноќ. Пред да го послужите, извадете го од фрижидер и оставете го 20 минути за да не го јадете смрзнат и ладен. 

К. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Ќе барате уште едно парче - Посна чоколадна торта Обично се смета дека десертите не се посни и дека речиси е невозможно да се напр...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg