„Смрзната“ торта од пудинг и шлаг

За топлите денови нема ништо подобро од ладен десерт кој лесно се подготвува.

smrznata-torta-od-chokoladen-puding-01.jpg

За оваа смрзната торта, треба да направите само пудинг и шлаг и да ги споите смесите.

Ќе ви биде предизвик да ја направите и да ја послужите пред гостите кои ќе бидат воодушевени од изгледот и вкусот.

Потребни состојки:

  • 115 g меко крем сирење
  • ¼ шолја шеќер во прав
  • 1 пакетче шлаг пена
  • 1 пакетче чоколаден пудинг
  • Млеко (колку што е потребно според начинот на подготовка на пудингот од кесичка)
  • Околу 18 парчиња орео колачиња, искршени

Начин на подготовка:

Во сад ставете го крем сирењето и шеќерот во прав и миксирајте додека смесата не стане мека.

Направете ја шлаг пената според упатството на кесичката и нежно измешајте со смесата со крем сирењето. Извадете 1 ½ шолја од мешавината и ставете ја во посебен сад да се лади.

Направете го и пудингот според упатството на кесичката и нежно истурете ја смесата во преостанатата смеса со шлагот.

Во калап за печење леб ставете хартија за печење или фолија и истурете ја чоколадната мешавина така што ќе наполните 2/3 од садот.

Наросете одозгора со искршените колачиња врз смесата и нежно распоредете ја мешавината од шлагот врз нив.

Одозгора наросете со преостанатите колачиња, покријте со фолија и ставете да се лади 2 часа.

smrznata-torta-od-chokoladen-puding-02.jpg

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чоколадни бомбици од смеса за готова торта Со смеса за чоколадна торта за час ќе направите супер десерт - вкусни бомбици со...
Ќе барате уште едно парче - Посна чоколадна торта Обично се смета дека десертите не се посни и дека речиси е невозможно да се напр...
Рецепт за здрав домашен пудинг од јапонски јаболка и мед Јапонски јаболка во комбинација со какао и мед за совршен здрав десерт, кој се п...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Рецепт за брза чоколадна торта без печење, од само неколку состојки Како да подготвите брза и економична чоколадна торта од само неколку состојки? О...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg