Десерт на денот: „Кула“ од чоколадни палачинки, крем и јагоди

„Кулата“ од чоколадо, палачинки, крем и јагоди звучи како десерт кој никој не може да го одбие, па затоа нема да зажалите ако го направите.

desert-na-denot-kula-od-cokoladni-palacinki-krem-i-jagodi-001.jpg

Невозможно е да го промашите рецептот, можно е само да ги дуплирате состојките.

За една порција ви требаат следниве состојки:

За палачинки:

  • 45g сенаменско брашно
  • 1 лажичка какао во прав
  • 1 јајце
  • 10g стопен путер
  • 100ml млеко

За крем:

  • 150g ситно сечкани јагоди
  • 200ml слатка хопла
  • 4 лажички чоколаден крем
  • 1 лажичка ситно сечкани лешници (по желба)

Подготовка:

Прво подгответе го кремот, така што хоплата ќе ја изматите додека не ја добие посакуваната густина, па додадете ги јагодите.

Потоа подгответе ги палачинките, мешајќи го брашното, какаото, јајцето, топениот путер и млекото.

Испечете две палачинки во поголемо тавче.

Едната намачкајте ја со филот од крем и јагоди, а другата намачкајте ја со крем.

Поклопете ги палачинките, така што кремот со јагоди да остане во средина, а страната намачкана со чоколаден крем да остане одозгора.

Исечете ја палачинката на осмини и наредете ги една врз друга.

Going Solo: 2 Crepe Crepe-Cake #PancakeDay

Posted by Tasty UK on Friday, February 24, 2017
" data-width="630" data-show-text="false">

Going Solo: 2 Crepe Crepe-Cake #PancakeDay

Posted by Proper Tasty on Friday, February 24, 2017

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
Рецепт за најмеките палачинки без млеко (може да останат свежи и до два дена) Подгответе вкусни палачинки и наполнете ги со фил по ваш вкус. Еден од триков...
Рецепт за мини палачинки со Нутела – ги обожаваат и децата и возрасните Како да ги подготвите популарните мини палачинки со Нутела, на кои децата не мож...
Рецепт за торта со јагоди и крем без печење Ви се јаде нешто слатко, сочно и кремасто, а не сакате да печете? Пробајте ја ов...
Брз ролат со плазма и овошје (без печење) Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg