Летен десерт: Палачинки од рерна, со свежо овошје
Палачинките секогаш се наоѓаат на листата на топ 5 омилени десерти, без оглед на тоа со што се полнети или прелиени. Па, оваа мала варијација сигурно ќе им се допадне на големите љубители.
Тестото е лесно за подготовка, а наместо да стоите над тавче и да вртите една по една палачинка, по овој рецепт тестото се пече во калап.
Потребни состојки:
- 2 јајца
- Малку сол
- 60g шеќер
- 40ml масло
- 250ml млеко
- 200g брашно
- 1 лажичка прашок за печиво.
Подготовка:
Изматете ги јајцата со шеќерот и солта. Додадете го маслото, па потоа и брашното и млекото. На крај во смесата додадете го и прашокот за печиво.
Истурете ја смесата во тава за печење, обложена со мрсна хартија. Врз неа додадете свежо овошје, путер од кикирики или чоколадни трошки.
Печете 15 минути на 180 степени.
Исечете коцки и сервирајте со шлаг и преливи по желба.
М. Д. | Црнобело