11 брзи рецепти кои секој маж треба да знае да ги подготви
Мусли
Совршено јадење за појадок во кревет. Сè што треба да направите е да внимавате да не ја преполните чинијата во која ќе го послужите овој деликатес, за да не се извалка постелнината.
Начин на подготовка: Купете кесичка мусли, истурете малку во длабок сад (помал од оној за супа). Додајте млеко доволно за да ги потопи сите мусли. Доколку сметате дека ова е прелесен рецепт за вас, можете да додадете и малку кокос, какао, путер од кикирики или суво овошје.
Леб и еурокрем
Едно од највкусните јадења на сите времиња. Совршено за појадок или вечера (ако не се грижите за вашата линија). Сè што ви е потребно се неколку парчиња леб и чоколаден крем, кај народот познат како еурокрем (од истите причини поради кои пастата за заби се вика каладонт). Доколку целите да биде појадок во кревет, немојте, бидејќи многу тешко се вади кремот од перницата, а на бела постелнина не изгледа баш најпријатно.
Начин на подготовка: На едната страна од парче леб, рамномерно нанесете од чоколадниот крем, внимавајте да не ги намачкате и вашите прсти, или да не ви падне парчето на намачканата страна. Оние поискусните може да пробаат да додадат еден слој путер од кикирики пред да го нанесат чоколадниот крем.
Маргарин и мед
Исто како „леб и еурокрем“, меѓутоа многу поздраво. Ова јадење е идеално за појадок или вечера и исто така се препорачува да не се сервира во кревет.
Начин на подготовка: На површината од парчето леб, рамномерно нанесете путер или маргарин. Врз него додадете го медот со лажичка. Готовото парче наместете го на рамна површина за да не ви истече медот. Сервирајте со многу салфетки и ладно млеко или чај.
Бисквити во млеко
Кај народот познати како мусли за сиромашни. Начинот на подготовка е ист како и кај муслите, меѓутоа наместо мусли ставате скршени парчиња бисквити.
Корнфлекс и јогурт
Ова е солената варијанта на муслите. Потребни ви се пакетче корнфлекс и шише јогурт.
Начин на подготовка: Во длабока чинија ставете корнфлејкс. Потопете ги со јогурт и промешајте. Пријатно јадење.
Попара
Ова јадење кај народот е познато како „корнфлекс“ за сиромашни. Наместо корнфлекс потребни ви се дробени парчиња стар леб, доволно големи колку едно залче.
Начин на подготовка: Надробете леб на ситни парчиња во длабока чинија. Потопете со јогурт или кисело млеко, и промешајте. Пријатно јадење.
еНВи | Црнобело