Четири слоја чоколадо - Тортата која од прво залче ќе ви стане омилена

Брза, лесна за подготовка, со цели 12 парчиња, оваа неверојатно вкусна торта содржи 4 различни слоеви со различни текстури, а ќе им стане омилена на сите кои сакаат декадентни слатки вкусови.

4slojna-cokoladna-torta-koja-ke-vi-go-zaskokotka-nepceto-od-slatko-01.jpg

Време е да си засукате ракавите и да подготвите десерт кој апсолутно ќе го обожаваат сите!

Потребни состојки:

  • 10 бисквити
  • 150 gr шеќер + 3 лажици шеќер
  • 40 gr какао во прав + 4 дополнителни лажици какао
  • 14 лажици несолен путер
  • 4 големи јајца
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 60 gr брашно
  • 480 ml полномасно млеко
  • 1 лажичка сок од лимон
  • 360 ml слатка павлака
  • 2 лажици шеќер во прав

Начин на подготовка:

 1. Загрејте ја рерната на 180˚C и поставете хартија за печење врз садот за колачот.

 2. Во длабок сад помешајте ги истолчените бисквити, 3 лажици шеќер, 2 лажици какао и 6 лажици од омекнатиот путер додека смесата добро не се изедначи и не стане мазна и „чоколадна“. Префрлете ја смесата во садот и добро натапкајте ја на дното.

 3. Печете околу 10 минути во загреана рерна и оставете да се олади.

 4. Намалете ја температурата на 160˚C.

 5. Издвојте ги жолчките од белките на јајцата. Додадете 150 gr од шеќерот во жолчките и матете додека смесата не стане бледо жолта.

 6. Додадете ги останатите 8 лажици од омекнатиот путер и екстрактот од ванила и мешајте додека не се изедначат. Додадете го брашното и 40 gr какао во прав и измешајте добро. Полека додадете го млекото со постојано мешање, додека не добиете течна смеса.

 7. Почнете да ги матите белките од јајцата. Додадете го сокот од лимон и добро изматете со миксер. Додадете ја смесата од белките во онаа претходно подготвената (од жолчките).

 8. Истурете ја смесата брз онаа со кекс и печете околу 40 минути. Ќе забележите дека краевите се поиспечени, а средината е мека, како желатинеста.

 9. Оставете да се олади најмалку 1 час.

10. Изматете ја слатката павлака додека не го удвоите волуменот и додадете го преостанатите 2 лажици какао, како и шеќерот во прав. Истурете ја смесата како последен слој врз чоколадната торта. Дозволете да се олади, а потоа исечете 12 коцки и – уживајте во божествениот вкус.

За полесно разбирање на рецептот, погледнете го видеото:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза Чоко ролат со крем банани, или ролат со кокос... Изберете некои од нашите предло...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg