Рецепт на денот: Џиновска роза од палачинки со првите јаготки

Зарем ова не е најубавата сезона на свежо овошје кога во центарот на вниманието се приближуваат неприкосновените јагоди?

Napravete-roza-odprvite-jagotki-i-palacinki-01.jpg

Зрели, сочни и вкусни, со малку калории и многу позитивни здравствени придобивки, време е да ги употребите свежите јаготки во неодоливо сладок десерт кој ќе го сакаат сите, особено малечките.

Бонус причина: освен што е неверојатно вкусен, се фотографира подеднакво добро.

Потребно ви е:

За тестото

  • 2 шолји (250 g) сенаменско брашно
  • ¼ шолја (60 g) несолен стопен путер
  • 3 лажици шеќер
  • 3 јајца
  • 3 шолји (720 ml) полномасно млеко

За филот

  • 225 g маскарпоне
  • 3 лажици шеќер
  • 80 ml слатка павлака
  • 150 g јагоди, тенко исечкани по должина

Начин на подготовка:

1. Прво подгответе го тестото за палачинките. Во подлабок сад измешајте ги брашното, путерот, шеќерот и јајцата.

2. Додадете малку млеко, околу 120 ml на почетокот и силно мешајте додека смесата не стане мазна и целосно изедначена додека не го употребите целото млеко.

3. Процедете ја смесата низ голема цедалка за да не останат грутки. Оставете ја да се олади во фрижидерот околу 30 минути, а може да ја оставите и преку ноќ.

4. Започнете со подготовка на филот. Во длабок сад измешајте ги маскарпонето и шеќерот. Мешајте додека не се соединат, а на крајот додадете ја слатката павлака. Со помош на миксер добро изедначете ја смесата и оставете ја на страна.

5. Од смесата со брашно направете палачинки. Потоа наредете ги убаво една врз друг и исечете ги прво на половина, а потоа наредете ги половинките и повторно исечете ги на половина, за да добиете еднакви ленти.

6. Ставете две ленти една до друга и „залепете“ ги со помош на смесата од слатка павлака. Додадете тенки парченца од исечканите јагоди кон врвот од лентите.

7. Почнете да ги мотате лентите со филот и јаготките како ролат и продолжете ја истата постапка додека не ги потрошите сите ленти од палачинките, кремот и јагодите.

* Оставете ја розата од јаготки од 15-30 минути во фрижидерот добро да се олади пред да ја послужите.

За полесна визуализација и подготовка на рецептот, погледнете го видеото:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Рецепт за торта со јагоди и крем без печење Ви се јаде нешто слатко, сочно и кремасто, а не сакате да печете? Пробајте ја ов...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за пилешко полнето со печурки и пармезан Ако досега не сте зготвиле пилешки гради на овој начин, пробајте ги веднаш - нем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg