Француски десерт со чоколадо, за кој не ви требаат кори и филови

Овој рецепт може да го сместиме на листата на десерти кои дури и почетник во кујната може да ги подготви, бидејќи не треба никакво матење на фил или редење кори.

francuski-desert-so-cokolado-za-koj-ne-vi-trebaat-kori-i-filovi-001.jpg

Се работи за модифициран француски тост, однадвор крцкав, а внатре полн со чоколадо и овошје.

Се прави во голема количина, па сигурно без проблем ќе заслади неколкучлено семејство или друштво.

Потребни состојки:

  • 2 пакетчиња леб (или зависно од големината на тавата)
  • 3 јајца
  • 1 шолја слатка павлака
  • ½ шолја млеко
  • 3 лажички шеќер
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 500g овошје по желба, во случајов јаготки исечкани на кругови
  • 300g ситно сечкано чоколадо
  • Шеќер во прав за декорација

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени додека го подготвувате десертот.

Изматете ги јајцата со павлаката, млекото, шеќерот и ванилата. Убаво потопете ги лепчињата во течноста и наредете ги на тава, преклопени со краевите.

Наредете го овошјето, па потоа сечканото чоколадо. Покријте со уште еден ред лепчиња потопени во смесата од јајца.

Печете 25 минути на 180 степени, максимум 30 доколку сакате да бидат покрцкави.

Извадете го десертот и додека е уште топол, проросете со шеќер во прав.

Може да послужите со топка сладолед или уште овошје.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Француски рецепт за ролнички со јаболка, ф’стак и цимет Едноставен рецепт за превкусни француски ролнички со јаболка, цимет и ф’стаци, н...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Брз и хранлив оброк: Јајца со кисело млеко или павлака, на турски начин Пржените јајца честопати се дел од нашите оброци, а најчесто ги подгот...
Рецепт за вртена пита со паричка за Василица од готови кори Рецепт што ќе им се допадне на младите, но и на искусните домаќинки. Како да под...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg