Направете: Бразилски чоколаден десерт од 4 состојки кој може да заслади 15 луѓе

Brigadeiro (што во превод од португалски значи Бригадир) е традиционален сладок бразилски деликатес создаден во 1940 година. Во неговиот состав влегува кондензирано млеко, чоколадо и путер, како и чоко-мрвички со кои е обложен овој неверојатно вкусен раскошен десерт.

Brigadeiro-brazilski-cokoladen-desert-01.jpg

Овој џиновски „бригадир“ може да заслади дури 15 луѓе. Сите состојки се лесно достапни, се прави неверојатно лесно и брзо, а ќе посакате некое лажиче повеќе.

Направете џиновски бригадир и поканете ги гостите на чоколадно уживање.

Што ви е потребно?

  • 3 конзерви кондензирано млеко
  • 3 лажици путер
  • 255 gr чоколадо за готвење
  • 115 gr чоколадни мрвички

Начин на подготовка:

1. Во подлабок сад ставете го слаткото кондензирано млеко, путерот и чоколадото

2. Мешајте полека на ниска температура додека смесата не се изедначи добро и не почне по малку да се лепи на дното од тенџерето.

3. Префрлете ја смесата во подлабок стаклен сад и оставете ја добро да се олади во фрижидерот околу 4 часа.

4. Со помош на силиконска шпатула одвојте ја смесата од рабовите на садот.

5. Со намрсени раце обликувајте голема топка која ќе ја обложите со чоколадните мрвички.

6. Сервирајте во плитка чинија и погрижете се да има доволно мали лажички за сите.

За уште полесна подготовка, погледнете го видео рецептот кој ќе ве натера веднаш да ги засукате ракавите:

https://www.youtube.com/watch?v=O5Av34IBMCc

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg