Нутела тирамису - десерт кој ќе го обожаваат и најпребирливите
Не сите обожаваме исти видови на слатки работи, но кога се работи за Нутелата, ретки се тие кои ќе кажат НЕ.
А кога истата ќе се помеша во традиционалното италијанско тирамису, добивате сладок десерт кој ќе им ги заскокотка непцата и на најпребирливите кои секогаш наоѓаат мани.
Нутела тирамису, зарем не ве копка како се подготвува и каков е вкусот?
Што ви е потребно?
- 2 шолји слатка павлака за готвење
- 2 шолји маскарпоне
- Ванилин шеќер или екстракт од ванила
- 2 жолчки
- 2 лажици шеќер
- 2 шолји Нутела
- 2/3 шолја полномасно млеко
- 12 бисквити
- Какао во прав за горниот слој
Како се подготвува?
1. Ставете ги жолчките заедно со шеќерот во длабок сад. Матете додека добро не се соединат, а потоа додадете ја павлаката и ванилата. На крајот додадете го маскарпонето и нежно измешајте со лажица додека не добиете убав бел крем.
2. Обичното млеко ставете го во тенџерче на оган и додадете 1 лажица Нутела. Мешајте додека млекото не се загрее и не се соедини со кремот. Тргнете го настрана добро да се олади.
3. На кратко, потопете ги бисквитите еден по еден во течноста и наредете ги на дното од садот.
4. Врз наредените бисквити, намачкајте слој од белиот крем со павлака.
5. Остатокот од Нутела кремот додадете го во течноста во која ги потопивте бисквитите. Добро промешајте и истурете ја целата смеса врз првиот бел слој од тирамисуто.
6. Врз ова нанесете го остатокот од белиот крем. Добро измазнете и посипете со какао.
7. Оставете го добро да се олади пред да ги вкусите залчињата тирамису со Нутела.
Погледнете го видеото со рецептот за полесна подготовка:
(О)Милена | Црнобело