Рецепт за „лажно“ полнето пилешко кој не можете да го згрешите
Полнењето пилешко е една од посложените постапки во готвењето и навистина треба да имате неверојатни вешти прсти. Пред да кренете раце од ова превкусно јадење, имаме решение за вас.
Вкусот е скоро идентичен, а подготовката многу поедноставна.
Најдоброто од сè – не постои шанса да го згрешите рецептот. Време е за „лажно“ полнето пилешко!
Потребно ви е:
- 1 шолја сенаменско брашно
- 1 kg пилешки гради
- 2 шолји лебни трошки
- 3 големи матени јајца
- Сол, бибер или други зачини по желба
- 1 шолја готов сос за скара
- 1/3 шолја кафеав шеќер
- Сок од 1 лимета
- 1 лажичка лук во прав, или пак неколку чешниња свеж лук (по желба)
- 1 шолја рендан мешан кашкавал
- 1 шолја чедар кашкавал
- 4 парчиња испржена сланина исечкана на парчиња
- Младо зелено кромитче
Начин на подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 220˚С.
2. Почнете со подготовка на пилешкото, односно класично похување: обложете ги со брашно, па директно во матените јајца (во кои сте додале 2 лажици вода), и на крајот во лебните трошки.
3. Префрлете ги подготвените пилешки парчиња во сад за печење обложен со хартија и зачинете по желба. Печете ги додека добро не се заруменат, од 23-25 минути.
4. Во меѓувреме, во подлабок сад на средна температура загрејте го готовиот сос за скара, кафеавиот шеќер, сокот од лимета и лукот. Мешајте додека добро не се соедини.
5. Кога пилешкото е печено, едно по едно потопете ги во подготвениот сос и вратете ги повторно во тавчето.
6. Додадете го ренданиот мешан кашкавал, па чедарот, сланината и младиот кромид.
7. Вратете го пилешкото во рерната и почекајте добро да се стопи сирењето, околу 1 до 2 минути.
Погледнете како лесно се подготвува лажното полнето пилешко:
How To Make Loaded Boneless WingsLoaded Boneless Wings are your new go-to party trick. Full recipe: http://dlsh.it/1NLKPvY
Posted by Delish on Sunday, January 28, 2018
How To Make Loaded Boneless WingsLoaded Boneless Wings are your new go-to party trick. Full recipe: http://dlsh.it/1NLKPvY
Posted by Delish on Sunday, January 28, 2018
(О)Милена | Црнобело