Рецепт за најсовршената чоколадна торта која сте ја пробале
Тесто како најмекото колаченце покриено со богат чоколаден крем кој ќе ви го заведе непцето.
Ќе биде претешко да ја поделите оваа чоколадна торта со најблиските, но за среќа излегуваат навистина многу парчиња, па ќе има доволно за сите.
Се прави многу лесно, а потребно ви е:
За тестото:
- 450 gr чоколадо за готвење исечкано на парчиња
- ½ шолја омекнат путер на коцки
- 6 жолчки
- ½ шолја шеќер
- ½ шолја слатка павлака
- ½ лажичка екстракт од ванила
- 6 белки
- Свеж рузмарин, вишни, цреши или малини за декорација (по избор)
За чоколадниот ганаж:
- 450 gr чоколадо за готвење исечкано на парчиња
- ¾ слатка павлака
- 1 лажица мед
Како се подготвува?
1. Загрејте ја рерната на 175˚С.
2. Стопете ги чоколадото и путерот на пареа. Откако ќе се стопат целосно, тргнете ја смесата настрана малку да се подолади.
3. Додадете ги жолчките, а потоа шеќерот и добро измешајте. На крајот додадете ја слатката павлака и екстрактот од ванила во смесата.
4. Изматете ги белките додека не станат цврсти и пенести и нежно додадете ја белата во чоколадната смеса со помош на маталката од миксерот. Не претерувајте со силно мешање.
5. Истурете ја смесата во намрсено тавче за печење попрскано со малку какао во прав. Печете околу 40 минути или додека краевите не стават малку крцкави, а внатрешноста е сè уште мека.
6. Загрејте ја последната количина слатка павлака и истурете ја врз втората половина чоколадо (450 gr). Мешајте додека добро не се спојат. Додадете го медот и оставете добро да се олади.
7. На крајот премачкајте го колачот со чоколадниот ганаж и декорирајте со гранчиња рузмарин и ситно овошје по желба.
Доколку сè уште не се убедивте дека ова е најсовршеното чоколадно задоволство, време е да го погледнете и видеото со чекорите за подготовка:
Creamy Chocolate TorteChocolate [chaw-kuh-lit] (noun): The answer to all of life's problems. Full Recipe: taste.md/2neRpuQ 🎥: Tastemade Brasil
Posted by Tastemade on Monday, January 29, 2018
Creamy Chocolate TorteChocolate [chaw-kuh-lit] (noun): The answer to all of life's problems. Full Recipe: taste.md/2neRpuQ ?: Tastemade Brasil
Posted by Tastemade on Monday, January 29, 2018
(О)Милена | Црнобело