Едноставен рецепт за домашно трилече
Вкусен десерт во кој ретко кој не ужива, а во последниве години е многу популарен.
Слатко задоволство, кое за среќа на сите кои не толку вешти во кујната, освен што е превкусно, постојат и лесни рецепти за подготовка.
Па, ако и вие сте љубител на трилече, сега веќе не мора да го нарачувате.
Погледнете го рецептот и изненадете ги најблиските со лесен и неодолив колач.
Потребни состојки
За пандишпан:
- 6 јајца
- 100 g шеќер
- 200 g брашно
- Пола прашок за пециво
- 1 ванилин шеќер
За прелип на пандишпанот:
- 400 ml слатка павлака
- 300 ml кондензирано млеко
- 800 ml обично млеко
За премачкување:
- 300 g карамел крем
Начин на подготовка:
Изматете ги белките и постепено додавајте шеќер и ванилин шеќер. Кога добро ќе се измати смесата, додавајте една по една жолчка, измешајте, па полека додавајте брашно измешано со прашокот за пециво.
Кога ќе го ставите и брашното, намалете го миксерот и полека промешајте.
Смесата истурете ја во плех на хартија за печење и печете околу 20-25 минути на 180⁰С. Потоа оставете пандишпанот малку да се излади, па извадете го од плехот и со нож избодете го на неколку места.
Во плех истурете слатка павлака, па врз неа ставете го пандишпанот свртен наопаку (тој дел што бил горе при печење, сега е доле).
Оставете да отстои 10-тина минути, па измешајте го млекото и кондензираното млеко и со тоа полијте го пандишпанот одозгора.
Оставете млекото да се впие, па на крај премачкајте со карамел кремот. Важно е карамел кремот да биде добар, бидејќи тој го дава вкусот на колачот.
М. М. | Црнобело