Ирвасите на Дедо Мраз - меки колачиња кои ќе ве освојат со вкусот и изгледот
Ретко кој сладок десерт е подеднакво вкусен во внатрешноста и неверојатно привлечен во поглед на надворешниот изглед.
За елените на Дедо Мраз слободно може да ги штиклирате двете категории. Меки колачиња во облик на големи триаголници кои ќе го задоволат вашиот апетит за слатко и одлично одат со чај или млеко.
Да не зборуваме пак за нивната фотогеничност. Уверете се самите откако ќе ги направите и ќе ја збогатите вашата празнична трпеза:
Потребни состојки:
- 2 лажички прашок за печиво
- ½ лажичка сол
- 250 gr сенаменско брашно
- 120 g путер
- 60 g масло
- 300 gr мек кафеав шеќер
- 2 големи јајца
- 1-2 лажици екстракт од ванила
- 125 gr квалитетно црно, бело или млечно чоколадо (може и мешавина од сите три)
За декорација:
- Бонбончиња во облик на очи
- Црвени бонбони
- Солени переци
- Чоколаден крем
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 °C. Подгответе го кружното тавче за печење до дијаметар од 23 cm, со тоа што ќе го премачкате со масло и ќе ставите хартија за печење.
Во длабок сад измешајте ги брашното, прашокот за печиво и солта. Оставете ги настрана.
Во друго тавче ставете го путерот со маслото да се стопат на средна температура. Додадете го кафеавиот шеќер и мешајте внимателно додека не се стопи целосно и не добиете карамелизирана смеса. (Не грижете се доколку шеќерот формира мали зрнца, бидејќи откако ќе ги додадете останатите состојки ќе ја врати својата течна форма).
Карамелизираната смеса префрлете ја во подлабок сад и оставете ја 25 минути да одмори.
Потоа, додадете ги двете матени јајца, како и екстрактот од ванила.
Просејте го брашното кое го подготвивте претходно во смесата и нежно промешајте, додека не добиете еднолична смеса.
Додадете ги парчињата сечкано чоколадо по вкус и истурете ја смесата во подготвеното намрсено тавче за печење.
Печете околу 30 минути. Колачот однадвор треба да биде крцкав, а мек во внатрешноста.
Оставете го 10-тина минути да се олади, а потоа исечете го на 8 триаголници.
Декорирајте со бонбончињата како во видеото, правејќи им очи, носиња и рогови на елените на Дедо Мраз, кои ќе ги залепите со помош на чоколаден крем.
Reindeer BlondiesSorry, Santa. We ate your reindeers. Tag someone who would LOVE these blondies!
Posted by Tastemade UK on Wednesday, December 13, 2017
Reindeer BlondiesSorry, Santa. We ate your reindeers. Tag someone who would LOVE these blondies!
Posted by Tastemade UK on Wednesday, December 13, 2017
(О)Милена | Црнобело