Топ 3 солени рецепти со новогодишен празничен изглед
Доколку сакате да се одморите од стандардните кифлички, сармите и руската салата, време е да подготвите вкусни гурмански залчиња со кои ќе ги воодушевите и домашните и гостите за време на празниците.
Ви пренесуваме три солени идеи кои се прават брзо, а изгледаат како кулинарски ремек-дела.
Корисен совет: Нека готовото лиснато тесто ви стане најдобриот сојузник во кујната.
Солено новогодишно венче
Потребно ви е:
- Готово лиснато тесто
- 24 мини виршли
- ¼ шолја сенф
- Жолчка од јајце за премачкување
- 2 лажици афион
- Кечап како додатен сос
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 190˚С и обложете го тавчето за печење со хартија.
Исечете тенки триаголници од готовото лиснато тесто и премачкајте ги со сенфот.
Во секое од нив замотајте по една мала мини виршла. Наредете ги во круг, премачкајте ги со жолчката јајце, посолете и додадете го афионот или некој друг зачин по желба.
Печете во загреана рерна од 15 до 20 минути или додека венчето не стане златножолто.
За декорација употребете свеж рузмарин кој ќе го поставите во вантрешноста на венчето и малку кечап во посебен сад како сос во средината.
How To Make A Pigs in a Blanket WreathThis Pigs in a Blanket Wreath will go faster than Santa's sleigh on Christmas Eve. Full recipe: http://dlsh.it/lMVsoyk
Posted by Delish on Wednesday, November 29, 2017

Пица елка од мини ролатчиња
Потребно ви е:
- 2 лиснати теста
- 1 шолја доматен сос или кечап
- Кулен или кое било друго сувомеснато по избор
- ½ шолја моцарела или кашкавал по избор
- 2 лажици маслиново масло
- ½ шолја рендан пармезан
- 1 лажичка оригано
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 175˚С и поставете хартија за печење врз тавата.
На набрашнета работна површина растегнете го лиснатото тесто и намачкајте го со доматен сос. Ставете го куленот и моцарелата.
Завиткајте го секое од тестото како ролат и исечете 8-9 парчиња. Поставете ги врз хартијата за печење во форма на елка.
Премачкајте ги мини ролатчињата со маслиново масло, а потоа посипете ги со пармезан и оригано.
Печете додека пица елката не се зарумени, околу 12-15 минути и сервирајте додека е топло.
How To Make A Pinwheel Christmas TreePinwheel Christmas Trees will be a fan-favorite at every party. Full recipe: http://dlsh.it/VZjl830
Posted by Delish on Sunday, December 10, 2017
How To Make A Pinwheel Christmas TreePinwheel Christmas Trees will be a fan-favorite at every party. Full recipe: http://dlsh.it/VZjl830
Posted by Delish on Sunday, December 10, 2017
Мини солени елкички на стапче
Потребно ви е:
- 1 лиснато тесто
- Песто
- Мортадела
- Пармезан
- *Состојките може да варираат согласно вашите желби.
Подготовка:
На расуканото тесто премачкувате пармезан и редите сè што сакате по желба.
Го сечете тестото по должина во линија. Секоја од нив ја виткате како во видеото, додека не направите мали елкички кои ќе ги набоцкате на дрвени стапчиња.
Печете во загреана рерна на 180˚С околу 25 минути. Од едно тесто се добиваат околу 10-11 елкички.
Alberelli di pasta sfoglia: veloci, facili e colorati!Sfiziosi, saporiti e davvero originali! La ricetta dell'antipasto che porterà un po' di magia in tavola <3
Posted by Cookist on Friday, December 1, 2017
Alberelli di pasta sfoglia: veloci, facili e colorati!Sfiziosi, saporiti e davvero originali! La ricetta dell'antipasto che porterà un po' di magia in tavola <3
Posted by Cucina Fanpage on Friday, December 1, 2017
(О)Милена | Црнобело