Топ 3 благи рецепти со новогодишен празничен изглед
Време за празнување, време за јадење. Декември и јануари се месеците кога најчесто вагата покажува неколку килограми плус, поради сите вкусни јадења.
Пред вас се рецептите за три слатки празнични деликатеси за новогодишно-божиќната сезонa, за сечиј вкус.
Корисен совет: Нека готовото лиснато тесто ви стане најдобриот сојузник во кујната.
Засукајте ги ракавите и фрлете се на готвење:
Лисната чоколадна елка
Подготовката е толку лесна и едноставна, што ќе посакате да направите минимум 3 чоколадни елки.
Потребно ви е:
- 250 gr млечно чоколадо
- 1 кружно лиснато тесто
Подготовка:
Чоколадото нека ви биде подготвено на коцки.
Со него формирајте триаголник-елка врз лиснатото тесто.
Исечете го тестото на ленти како во видеото и внимателно затворете го чоколадото со тестото со помош на цик-цак движења, формирајќи форма на елка.
Премачкајте со матена жолчка и додадете сечкани бадеми.
Печете на 190˚C околу 30 минути.
Декорирајте со шарени мрвички или пак шеќер во прав, по желба.
Albero di cioccolato: la ricetta spettacolare in pochi passi!Goloso, facilissimo e...SPETTACOLARE! Cosa chiedere di meglio per questo magico Natale? :D
Posted by Cookist on Sunday, December 10, 2017
Albero di cioccolato: la ricetta spettacolare in pochi passi!Goloso, facilissimo e...SPETTACOLARE! Cosa chiedere di meglio per questo magico Natale? :D
Posted by Cucina Fanpage on Sunday, December 10, 2017
Шарени новогодишни елкички
Се добиваат вкупно 16 слатки меки колачиња во форма на елкички. Подеднакво вкусни и декоративни, секоја од нив содржи по 257 калории, па внимавајте да не претерате со јадењето, иако тоа е прилично тешка задача.
Потребно ви е:
За колачињата:
- Масло за премачкување
- ½ шолја путер
- 225 gr темно чоколадо
- 1+ ½ шолја шеќер
- 4 јајца
- 1 лажичка екстракт од ванила
- ½ лажичка сол
- ¾ сенаменско брашно
За филот - шлаг во зелена боја (може да го обоите со прехранбена боја, или во која било друга нијанса доколку сакате) и декоративни мрвички или светки по желба.
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 175˚С. Подгответе тавче за печење на колачињата кое сте го премачкале со масло или путер или пак е обложено со хартија за печење.
Во подлабок сад ставете ги путерот и чоколадото. Во микробранова печка или на тивок оган оставете добро да се стопат додека не се соединат во еднолична смеса.
Додадете го шеќерот, па јајцата едно по едно и матете додека смесата не стане мазна.
Додадете го екстрактот од ванила. На крајот додадете ја солта и брашното.
Истурете ја смесата во подмачканото тавче и оставете ја да се испече. Околу 25-30 минути.
По печењето оставете ја смесата добро да се олади. Пожелно е да ја ставите и во замрзнувач околу 30 минути за полесно сечење на елкичките.
Со остар нож исечете 16 триаголници како што е прикажано на видеото. На дното од секоја елка боцнете во бастунчето кое е практично „држач“ на елката.
Декорирајте со зелениот шлаг со помош на шприц или вреќичка за шлаг и посипете со шарени мрвички, ѕвездички или светки по желба.
Christmas Tree BrowniesThese adorable CHRISTMAS TREE BROWNIES are a festive and delicious way to celebrate the holidays! #ad RECIPE: https://www.dinneratthezoo.com/christmas-tree-brownies/
Posted by Dinner at the Zoo on Monday, November 20, 2017
Christmas Tree BrowniesThese adorable CHRISTMAS TREE BROWNIES are a festive and delicious way to celebrate the holidays! #ad RECIPE: https://www.dinneratthezoo.com/christmas-tree-brownies/
Posted by Dinner at the Zoo on Monday, November 20, 2017
Двобојни празнични бастунчиња
Одлични за појадок со топло чајче или млекце, а децата ги обожуваат. Слободно може да ги комбинирате со мед, мармалад или крем.
Потребно ви е:
- 500 gr брашно
- 200 gr путер
- 200 gr шеќер
- 2 јајца
- Прстофат сол
Подготовка:
Образувајте тесто од сите гореспоменати состојки и поделете го на два дела. Едниот оставете го бел, а во другиот додадете какао за да се обои потемно. Доколку имате желба, во едната половина може да додадете и друга прехранбена боја (црвена или зелена) според вкусот.
Развлечете кружни стапчиња од двете теста и обликувајте ги по желба. Најлесно е да формирате едноставни плетенки во облик на бастунчиња.
Оставете ги во фрижидерот да одморат околу 20 минути пред печењето.
Печете во тавче обложено со хартија на 190˚C околу 20 минути.
Intrecci natalizi: i biscotti per una colazione speciale!Doppio impasto, doppio piacere! Se poi aggiungi anche un pizzico di creatività, il risultato è pura magia <3
Posted by Cookist on Thursday, December 7, 2017
Intrecci natalizi: i biscotti per una colazione speciale!Doppio impasto, doppio piacere! Se poi aggiungi anche un pizzico di creatività, il risultato è pura magia <3
Posted by Cucina Fanpage on Thursday, December 7, 2017
(О)Милена | Црнобело