Нема да одолеете: Посна Добош торта

Добош тортата е унгарски класик, кога се работи за десерти. Оригиналниот рецепт вклучува меки кори и чоколаден крем, а наизменичните редови завршуваат со карамела.

nema-da-odoleete-posna-dobosh-torta-01.jpg

Нејзината посна варијација е достојна замена за сите посни слави и веселби кои ни претстојат, па затоа не мислете двапати пред да ја пробате.

Потребни состојки:

  • 150g + 100g шеќер во прав
  • 250g мелени ореви
  • 250g брашно
  • 200g + 100g шеќер
  • 3 шолји мед
  • 3 реда посно чоколадо
  • Шолја кисела вода
  • Кесичка ванилин шеќер
  • ½ лажичка сода бикарбона
  • Екстракт од малина (по желба)

Подготовка:

Помешајте го брашното со 150g шеќер во прав, мед, кисела вода и сода бикарбона. Добиеното тесто поделете го на 10 еднакви дела и печете го во облик на тенки кори, на овален плех измачкан со масло и брашно. Може да испечете и 6 подебели кори, изборот е ваш.

Филот подгответе го на оган со средна јачина. Измешајте 200g шеќер со 1 чаша вода, додадете ги мелените ореви, чоколадото и ванилиниот шеќер. Промешајте додека не добиете еднолична смеса. Оладете.

Редете од филот врз секоја кора и финиширајте со глазура која ќе ја направите на следниов начин:

100g бел шеќер промешајте со малку вода и затоплувајте додека не се стопи. Добиениот шербет тргнете го од оган да се олади, па потоа додавајте го постепено шеќерот во прав (100g). Може да додадете арома од малина или друг вкус.

Прелијте ја тортата, оладете и сечете триаголници.

nema-da-odoleete-posna-dobosh-torta-02.jpg

nema-da-odoleete-posna-dobosh-torta-03.jpg

nema-da-odoleete-posna-dobosh-torta-04.jpg

nema-da-odoleete-posna-dobosh-torta-05.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепт за вртена пита со паричка за Василица од готови кори Рецепт што ќе им се допадне на младите, но и на искусните домаќинки. Како да под...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg