Идеални за претстојните слави - 3 одлични рецепти за посни колачиња

Време на пости, време на слави и имендени. Без разлика дали го практикувате божиќниот пост, чекате гости за вашата слава или именден или едноставно сакате да се храните здраво, ние го имаме решението за сите горенаведени ситуации.

3-odlicni-recepti-za-posni-kolacinja-01.jpg

Три одлични рецепти за неодоливо вкусни посни колачиња. Со сигурност ќе ве убедат дека се подеднакво убави како и колачињата со јајца и млеко.

Засукајте ги ракавите и фатете се за работа – време е за чинии полни посни колачиња:

Посни бајадери со кокос и суви сливи

Потребно е:

  • 1 обланда

За црниот дел:

  • 600 gr суви сливи
  • 100 ml + уште 200 ml вода
  • 250 gr посен маргарин (поделен на два дела)
  • 200 gr посно чоколадо
  • 250 gr кокос

За чоколадниот прелив:

  • 100 gr посно чоколадо
  • 4 лажици масло

Ќе ви треба уште:

  • 200 gr шеќер
  • 100 gr мелен посен кекс (плазма)

Начин на подготовка:

Сомелете ги сувите сливи или ситно исечкајте ги.

Во подлабок сад за готвење ставете ги сливите, водата, маргаринот и оставете ги да се варат на средна температура, додека сè убаво не се соедини. Додадете 200 gr посно чоколадо и мешајте додека целосно не се стопи.

Тргнете го садот од оган и додадете околу 100 gr посен мелен кекс (кекс може да додадете и помалку, во зависност од тоа колку се суви сливите).

Додека смесата е сè уште топла, нанесете ја на ½ од листовите обланда. Убаво израмнете со ножот и оставете да се олади.

Во друг сад ставете да се варат 200 gr шеќер и 200 ml вода додека целосно не се растопат. Потоа додадете ги останатите 125 gr маргарин да се стопат со шеќерната смеса, а на крајот додадете уште 250 gr кокос.

*Внимавајте кокосот да е ситно мелен, бидејќи бајадерите поубаво се сечат кога кокосот е поситен. Доколку е покрупен, домелете го во електрична машина за мелење.

Намачкајте ја белата смеса врз црниот слој додека е сè уште топла.

На крајот стопете го 100 gr посното чоколадо наменето за преливот со 4 лажици масло и прелијте го колачот.

Оставете го добро да се олади и стегне и исечете мали штангли во облик на бајадери.

3-odlicni-recepti-za-posni-kolacinja (1).jpg

Посни бомбици со оревчиња и кокос

Потребно е:

  • 250 gr мелени ореви
  • Сок од 1 лимон
  • 250 gr шеќер во прав
  • Какао
  • Кокос во прав

Начин на подготовка:

Во подлабок сад ставете ги мелените ореви, додадете го шеќерот во прав, сокот од лимон и замесете тесто.

Во смесата додадете го и какаото растворено со малку вода (количината одредете ја според тоа колку сакате да се интензивни на вкус, 2-3 лажици).

Од тестото обликувајте мали топчиња. Едната половина извалкајте ја во какао, а другата половина од бомбиците во кокосово брашно.

3-odlicni-recepti-za-posni-kolacinja (3).jpg

Посни медени колачиња со цимет

Потребно е:

  • 11 лажици масло
  • 11 лажици вода
  • 11 лажици шеќер
  • 2 лажици мед
  • 1 лажица цимет
  • 1 пециво
  • 500 gr брашно

Начин на подготовка:

Од горенаведените состојки замесете тесто и развлечете кора со дебелина од 1 cm.

Од него со чашка (или некоја друга модла со форма по избор) извадете колачиња од тестото.

Медените колачиња ставете ги во плех со хартија за печење или намачкан со масло и малку брашно и печете ги околу 10-тина минути на 200 °C во загреана рерна.

По желба може да ги посипете со шеќер во прав пред послужување. Одлично одат и со мармалад со сливи или кајсии.

3-odlicni-recepti-za-posni-kolacinja (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Прсти да излижете: Баунти колач со кокос и Орео колачиња, што не се пече Од овој колач задолжително ќе барате парче плус, а е омилен им е на сите оние шт...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg