Почнете го денот како супермодел: Идеи за нискокалорични појадоци
Врвните светски манекенки го откриваат своето утринско мени, кое е нискокалорично, а им обезбедува доволно хранливи состојки за енергичниот ден кој следи.
Па, ако сакате да појадувате квалитетно и како супермодел, ви препорачуваме да ги пробате следниве комбинации:
Криси Тајген појадува сендвич направен од леб од цели зрна, пржени јајца, домати, чиста пршута и пире од авокадо со малку чили.
Миранда Кер за појадок јаде палачинки, но во здрава верзија. Рецептот е едноставен, мешате 1 испасирана банана со 1 јајце, 1 матена белка и 2 лажици мелени овесни снегулки. Добиената смеса се пече во рерна со додаток од кокосово масло.
Жизел Бундшен појадува зелено смути богато со зеленчук со антиоксиданси и железо.
Адриана Лима практикува разновиден појадок. Најпрво каснува мал сендвич со шунка со ниска масленост и сирење. Потоа преминува на слатко и јаде кроасан со мармалад, па на крај свежо сезонско овошје.
Карли Клос за појадок прави смути од капини и чоколадо. Потребна ѝ е шолја незасладено бадемово млеко, протеин во прав со вкус на чоколадо, 1 банана и шолја капини. Сите состојки се ставаат во блендер.
Нина Агдал наутро сака да ужива во гранола мешавина и свежо овошје, а потоа да испие голема шолја кафе.
М. Д. | Црнобело