Традиционален десерт на нов начин: Мини баклави во калапи за мафини

Баклавата е прекрасен традиционален десерт, кој за жал, заради вештините кои си ги побарува неговата подготовка, го правиме многу ретко.

tradicionalen-desert-na-nov-nacin-mini-baklavi-vo-kalapi-za-mafini-001.jpg

Но, во период на прослави и слави, време е да откриете модерен и полесен начин како да послужите вкусна баклава.

Потребни состојки:

  • ½ шолја ф’стаци, плус уште малку за декорација
  • 1 ½ шолја ореви
  • ½ шолја бадеми
  • 1/3 шолја шеќер
  • 1 лажичка цимет
  • 500g кори за баклава
  • ¾ шолја стопен путер

За шербет:

  • ¾ шолја вода
  • ¾ шолја шеќер
  • ¾ шолја мед
  • 1 лажичка рендана кора од лимон
  • 2 лажички свеж сок од лимон

Подготовка:

Во блендер иситнете ги јаткастите плодови и додадете ги шеќерот и циметот.

Загрејте ја рерната на 350 степени. Исечете 24 квадрати со средна големина од тестото и 72 кругови со чаша со големина отприлика колку калапот за мафини. Поголемите квадрати наредете ги на дното од калапот.

Наизменично редете кора, од измелената смеса, па премачкувајте со растопен путер.

Повторувајте додека не го потрошите материјалот. Печете околу 30-35 минути или додека корите не добијат златесто-кафеава боја.

Шербетот се подготвува го така што сите состојки ќе ги ставите во поголемо тенџере и ќе варите околу 10 минути. Оладете, па со лажичка истурете врз баклавите по печењето.

Декорирајте со малку измелени ф’стаци. Оладете ги баклавите барем 4 часа на собна температура пред да ги послужите.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза Чоко ролат со крем банани, или ролат со кокос... Изберете некои од нашите предло...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg