За 20 минути од 4 состојки: Чиа џем

Ако решивте оваа есен да се посветите на домаќинските работи, додадете уште една на списокот – брз, здрав џем со чиа семки.

za-20-minuti-od-4-sostojki-chia-dzem-01.jpg

Чиа семките станаа чест гостин во нашите чинии и смутија, добро сме запознаени со нивните придобивки, па затоа сега ги вметнуваме и во зимницата.

Суперхраната која е богата со омега-3 масни киселини, протеини и влакна сега може да ја консумирате во супер слатко издание.

Потребни состојки за овој брз џем:

  • 2 шолји исечкано овошје по желба
  • 1-2 лажици сок од лимон
  • 1-2 лажици мед или јаворов сируп
  • 2 лажици чиа семки, или повеќе по желба

Подготовка:

Исчистете го и исечкајте го ситно овошјето кое го одбравте. Варете го во сад додека не добиете кашеста смеса. Додадете го медот и сокот од лимонот.

za-20-minuti-od-4-sostojki-chia-dzem-04.jpg

На крај додадете ги чиа семките и продолжете да варите уште 5 минути. Почекајте смесата малку да се згусне, па префрлете ја во тегличка.

za-20-minuti-od-4-sostojki-chia-dzem-02.jpg

za-20-minuti-od-4-sostojki-chia-dzem-03.jpg

Чиа џемот може да го консумирате на парче леб, со колачиња, во мусли или овесна каша, како и да го додадете во павлака и да направите овошен јогурт.

za-20-minuti-od-4-sostojki-chia-dzem-05.jpg

za-20-minuti-od-4-sostojki-chia-dzem-06.jpg

za-20-minuti-od-4-sostojki-chia-dzem-07.jpg

za-20-minuti-od-4-sostojki-chia-dzem-08.jpg

za-20-minuti-od-4-sostojki-chia-dzem-09.jpg

za-20-minuti-od-4-sostojki-chia-dzem-10.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брз ролат со плазма и овошје (без печење) Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...
Рецепт за здрав домашен пудинг од јапонски јаболка и мед Јапонски јаболка во комбинација со какао и мед за совршен здрав десерт, кој се п...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg