Десерт на денот: Зебра чизкејк со чоколадо
Чизкејкот не е така комплициран како што ви се чини. Ви требаат едноставни состојки и само малку вештини во кујната.
Ви предлагаме во прва прилика да го испробате овој зебра чизкејк со чоколадо низ него:
Состојки:
- 5 лажици несолен путер
- 170g наполитанки, добро иситнети
- 170g темно чоколадо, стопено
- 2/3 шолја шеќер
- 500g маскарпоне на собна температура
- 1 лажица ванила екстракт
- 2 големи јајца, на собна температура
Подготовка:
Подмачкајте еден калап со путер и оладете го.
Во посебен сад ставете го путерот во иситнетите наполитанки. Измешајте и смесата притиснете ја по површината на калапот. Ладете 30-60 минути.
Загрејте ја рерната на највисока температура.
Стопете го чоколадото, па оладете го. Изматете го маскарпоне сирењето додека не биде меко и мазно. Додадете го шеќерот, па потоа ванилата. Со постојано мешање додавајте ги и јајцата.
Половина од смесата ставете ја врз кората од наполитанки.
Во другата половина измешајте го стопеното чоколадо. Истурете врз белата смеса. Со тенок нож направете шари за белиот и чоколадниот фил да се измешаат.
Печете 50-60 минути. Средината треба да остане мека.
Потоа ладете околу 4 часа.
М. Д. | Црнобело