Брза зимница - Кисели модри домати на италијански начин

Во екот на подготовка на зимници, повеќе немате идеја што да подготвите освен традицоналниот ајвар. Тогаш несомнено ќе го засакате овој мал деликатес кој ќе го добие заслужено место на вашата трпеза.

Zakiseleni-modri-patlidzani-na-italijanski-nacin-01.jpg

Модрите домати се вкусни, многу здрави и лесни за подготовка. Сте пробале ли некогаш закиселени модри домати? Доколку одговорот е не, време е да направите брза зимница со која ќе го освоите сечие непце:

Потребни состојки:

  • 1 kg модри домати
  • 2 l вода
  • 1 l оцет
  • 80 g сол + сол за модрите патлиџан
  • 80 gr шеќер
  • Сечкан магдонос и лук
  • Луто пиперче (по желба за оние кои сакаат пикантен вкус)
  • Маслиново или сончогледово масло
  • 1 лажица капари

Подготовка:

1. Измијте ги добро модрите домати и исечете ги на тенки кришки по должина. Тоа може да го сторите и со машина за сечкање месо доколку имате таква. Посолете ги и оставете ги добро да се исцедат околу 5 часа.

2. Во подлабок сад сварете ја водата заедно со оцетот, шеќерот и солта. Ставете ги исцедените модри патлиџани и варете ги неколку минути.

Повторно исцедете ги и оставете ги да се исушат малку наредени на даска или хартија.

3. Соберете ги модрите домати во тегла, а над секој ред помеѓу нив додадете сечкан магдонос и лук. Доколку сакате пикантно луто, додадете и малку луто пиперче, но не претерувајте, бидејќи треба да преовладува киселиот вкус, не лутиот.

4. Откако ќе ја наполните теглата додадете го маслото (може да користите и мешавина од маслиново и сончогледово) и неколку зрнца капари за автентичен вкус.

Чувајте ги на суво и темно место, доколку успее да ви остане некоја тегла од оваа вкусна зимница.

Zakiseleni-modri-patlidzani-na-italijanski-nacin-02.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за гибаница со сирење од Air Fryer Ако ви се најават гости, набрзина можете да испечете гибаница во Air Fryer и да ...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg