3-те појадоци кои ѝ помогнаа на Клое Кардашијан да ослабе
Понекогаш е тешко да го започнете денот со појадок, а уште потешко е тој да биде здрав и добро осмислен.
Но, ако сакате да доживеете трансформација на телото каква што направи Клое Кардашијан, ќе мора да воведете строги правила.
Едно од тие правила е задолжителниот појадок.
Поточно, некој од овие 3 појадоци:
Омлет со спанаќ и пиперки
Прво го пропржувате зеленчукот 3 до 5 минути, па потоа ги додавате јајцата или само белките од јајцата.
Сладок појадок во чаша
За овој појадок треба да измешате павлака со ниска масленост, шумско овошје богато со антиоксиданси и да додадете малку овесни снегулки или семки по желба.
Тост со путер од кикирики и банана
Уште еден здрав појадок со минимално време за подготовка. Исечете една банана на кругови, и наредете ја на интегрално лепче премачкано со путер од кикирики.
М. Д. | Црнобело