Чоколадно чудо за 5 минути: Без брашно, на сите им успева и сите го обожаваат
Кога си помислувате на чоколадна торта, веднаш си помислувате на времето кое ќе го потрошите и хаосот кој ќе го направите додека ја подготвувате.
Но, ако ви кажеме дека за ова чоколадно чудо ви требаат само 5 минути и минимален напор?
Плус, нема шанса да не ви успее од прва.
Потребни состојки:
- 240g чоколадо за готвење
- 235g милерама
- ½ лажичка сол
- Какао
- Путер
Подготовка:
Премачкајте една тесна, а повисока тепсија со путер, па покријте со мрсна хартија.
Чоколадото истопете го на ниска температура, а во друг сад загрејте ја павлаката. Кога павлаката ќе стане жешка, додадете сол и измешајте.
Додадете го чоколадото и мешајте додека смесата не се соедини.
Внимателно прелијте во калапот и оставете да се олади во фрижидер или замрзнувач.
Откако ќе се стегне, чоколадниот колач сечете го на подебели парчиња, декорирајте со какао, а може и да додадете мелени јаткасти плодови.
М. Д. | Црнобело