Идеални за појадок: Брзи колачиња со само 3 состојки

Во моментите кога се брзате, а сакате да појадувате нешто вкусно, здраво и слатко, дадете им шанса на овие колачиња, чија подготовка е брза и лесна.

idealni-za-pojadok-brzi-kolacinja-so-samo-3-sostojki-01.jpg

Делуваат едноставно и можеби изгледаат скромно, но вкусот им е божествен.

Излегуваат околу 8 колачиња, а потребно ви е само:

  • 1 голема шолја овесни снегулки
  • 2 големи зрели банани
  • ¾ шолја чоколадо сечкано на коцки

Подготовка:

Добро измешајте ги овесните снегулки со двете изгмечени банани со помош на виљушка.

Смесата не треба да биде премногу течна, но не и пресува.

Додадете ги чоколадните парчиња во смесата и обликувајте колачиња врз хартија за печење.

Печете во загреана рерна на 180°С околу 12 минути.

idealni-za-pojadok-brzi-kolacinja-so-samo-3-sostojki-02.jpg

Одлично одат со чај или млеко.

idealni-za-pojadok-brzi-kolacinja-so-samo-3-sostojki-03.jpg


Дополнителни варијации на рецептот:
Наместо чоколадо, во основната смеса може да додадете путер од кикирики, мед, ореви, брусница, кокос, односно сè што преферирате по желба.

idealni-za-pojadok-brzi-kolacinja-so-samo-3-sostojki-04.jpg

idealni-za-pojadok-brzi-kolacinja-so-samo-3-sostojki-05.jpg

Погледнете детално како се подготвуваат вкусните колачиња со 3 состојки:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за гибаница со сирење од Air Fryer Ако ви се најават гости, набрзина можете да испечете гибаница во Air Fryer и да ...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Прсти да излижете: Баунти колач со кокос и Орео колачиња, што не се пече Од овој колач задолжително ќе барате парче плус, а е омилен им е на сите оние шт...
Рецепт за колач со кокос и плазма, без печење Овој брз десерт без печење им успева на сите, дури и на оние што не ги „бива“ во...
Посен ручек за сладокусци - полнети црвени пиперки со ориз и печурки Во деновите на пости, ви препорачуваме превкусен рецепт за црвени пиперки полнет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg