Редена салата со печурки која може да замени цел ручек

Елегантно и подеднакво вкусно јадење, оваа салата ќе ги засени сите останати рецепти кои ги имате во тетратката.

Redena-salata-so-pecurki-koja-moze-da-zameni-cel-rucek-01.jpg

Вашите гости и домашни ќе бидат воодушевени од вкусот и изгледот на редената салата со печурки и со сигурност ќе побараат репете.

Се подготвува лесно и брзо, а се јаде уште побрзо.

Потребно ви е:

  • 500 g свежи печурки
  • 50 g магдонос
  • 200 g сварено месо (свинско, телешко или пилешко, по желба)
  • 200 g моркови
  • 200 g кашкавал
  • 200 g компири
  • 100 g кисели краставички
  • 200 g мајонез

Начин на подготовка:

Потпечете ги печурките на хартија за печење околу 10-тина минути попрскани со малку масло за јадење и сол.

Во подлабок кружен сад, нареде ги како што е прикажано на сликата (со „капите“ надолу).

Redena-salata-so-pecurki-koja-moze-da-zameni-cel-rucek (1).jpg

Ситно сечкaниот магдонос (или рукола, секако, по желба), посипете го врз печурките.

Redena-salata-so-pecurki-koja-moze-da-zameni-cel-rucek (2).jpg

Сварените компири ситно исечкајте (или изрендајте) ги и додадете ги врз магдоносот.

Redena-salata-so-pecurki-koja-moze-da-zameni-cel-rucek (3).jpg

Намачкајте дебел спој мајонез врз салата.

Redena-salata-so-pecurki-koja-moze-da-zameni-cel-rucek (4).jpg

Исчекајте ги киселите краставички на коцки и додадете ги во салатата, со уште малку мајонез доколку е потребно.

Redena-salata-so-pecurki-koja-moze-da-zameni-cel-rucek (5).jpg

Исечкајте го вареното месо на коцкички и додадете го како нареден слој во салатата.

Redena-salata-so-pecurki-koja-moze-da-zameni-cel-rucek (6).jpg

Претпоследниот слој се варените моркови (може да ги исечете и нив на коцки или на долги тенки ленти). Додадете мајонез доколку салатата ви е премногу сува.

Redena-salata-so-pecurki-koja-moze-da-zameni-cel-rucek (8).jpg

Последниот слој се состои од рендан кашкавал. Додадете го врз салатата и добро измазнете со лажица.

Redena-salata-so-pecurki-koja-moze-da-zameni-cel-rucek (9).jpg

Завиткајте ја салатата и ставете ја во фрижидер 2 часа. Откако добро ќе се стегне, превртете ја во поголема чинија, поделете прибор и – уживајте.

Redena-salata-so-pecurki-koja-moze-da-zameni-cel-rucek (7).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Лесен рецепт за брза вечера: Пита од тортиљи со растопен кашкавал и шунка Мека пита со парченца шунка и растопен кашкавал, без месење, тегнење и чекање......
Лесна салата со макарони и свеж зеленчук – идеална за топлите денови Кога надвор е претопло и немате желба за многу готвење, ниту за јадење тешка хра...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепт за пилешко полнето со печурки и пармезан Ако досега не сте зготвиле пилешки гради на овој начин, пробајте ги веднаш - нем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg