Десерт на денот: Колаче кое крие изненадување кога ќе го пресечете
Никогаш доста од вкусни колачиња од кои мириса целата куќа и сите се радуваат кога ќе ги послужите.
Секоја вложена минута ќе се исплати уште од првото залче.
Потребни состојки:
- 200g маргарин
- 1 шолја шеќер (шолја од 250 ml)
- 3 јајца + белка
- 2 шолји брашно
- 250ml кисела павлака
- 5 лажици млеко
- 2 лажици какао
- 1 кесичка прашок за печиво
За топчињата:
- 200g крем сирење
- 4 лажици шеќер
- 1 жолчка
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 7-8 лажици кокосово брашно
За крем:
- 350ml млеко
- 150g шеќер
- 3 лажици бело брашно
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 100g маргарин
Подготовка:
Прво направете ги топчињата. Измешајте ги сите состојки додека не добиете тврда смеса. Ако има потреба, додадете уште кокосово брашно. Наредете ги на послужавник и замрзнете ги половина час.
Потоа мекиот маргарин измешајте го со шеќерот, додадете ги јајцата и белката, киселата павлака, прашокот за печиво, па на крај млекото. Измешајте и полека додавајте го брашното. Мешајте со миксер додека не добиете мазна смеса.
Половина од тестото ставете го во калап за печење, а во другата половина ставете какао. Измешајте додека не се соедини и темниот дел прелијте го преку светлиот.
Топчињата кои ги замрзнавте потиснете ги во тестото со еднакво растојание.
Печете на 180 степени 40-45 минути. Изладете добро.
Додека колачот се пече направете го кремот.
Измешајте ги шеќерот и брашното, додајте ја ванилата и полека додавајте го млекото со постојано мешање. Ставете на средно топла рингла и варете додека грутките не исчезнат.
Кремот оладете го и додајте 100g маргарин. Измешајте со миксер. Намачкајте го колачот и украсете со рендано чоколадо или какао.
М. Д. | Црнобело