Брз ручек „да излижеш прсти“ - Пилешко со чипс во тава
Лесно и вкусно, овој брз ручек ќе ги освои сите и со сигурност ќе го подготвите уште неколку пати за вашите најблиски и пријателите.
Една порција содржи околу 640 калории, а со овој ручек ќе нагостите околу 8 лица.
Времето на подготовка е 15 минути, а вкупното време за готвење околу 50 минути.
Што ви е потребно?
- Вашиот омилен пченкарен чипс (околу 280 g)
- ¼ шолја стопен путер
- 2 шолји рендан кашкавал (може да употребите мешан, чедар, кравји, согласно вкусот)
- 1 шолја неутрална павлака за готвење
- 3 шолји пилешко сецкано месо (најдобро е да употребите месо од пилешки копани или кокошка, но може да се стават и сецкани пилешки гради)
- 1 конзерва сечкани домати во сос
- Зачини по желба (сол, вегета, бибер, куркума, босилек, кумин итн.)
Чекори за подготовка:
Загрејте ја рерната на 180°C.
Измешајте го чипсот кој претходно сте го иситниле, односно искршиле на помали парченца со стопениот путер.
Во подмачкано правоаголно тавче истурете околу 4 шолји од смесата за да ја направите основата.
Врз смесата посипете околу половина шолја од ренданиот кашкавал.
Во подлабок сад измешајте го сецканото пилешко месо заедно со павлаката, доматите од конзерва и зачините по желба. Додадете уште половина шолја од ренданиот кашкавал.
Истурете ја добро измешаната смеса врз чипсот.
Печете околу 30 минути. Истурете го остатокот од ренданиот кашкавал и печете уште 5 минути додека целосно не се растопи.
Вкусно, крцкаво, со многу растопен кашкавал кој се тегне, со еден збор, брз ручек за мерак.
(O)Милена | Црнобело