5 превкусни рецепти кои се подготвуваат со само 3 состојки

Понекогаш не сакаме да губиме премногу драгоцено време во кујната, а сепак сакаме да каснеме нешто лесно и вкусно.

5-prevkusni-recepti-koi-se-podgotvuvaat-samo-so-3-sostojki-01.jpg

За сите оние кои мразат комплицирани рецепти со многу состојки ви предлагаме да испробате еден (или неколку) од следниве 5 превкусни рецепти, за чија подготовка ќе ви бидат потребни само 3 едноставни состојки и малку време:

Пилешки крилца со мед и соја сос

Што ви е потребно?

  • 1 kg пилешки крилца
  • 150 gr соја сос
  • 5 лажици мед
  • Сол и зачини по желба

Подготовка:

Измешајте го медот со соја сосот.

Додадете ги зачините (по желба: сол, вегета, бибер, кари, црвен пипер или буковец) и додадете ја смесата врз пилешките крилца.

Оставете ги да се маринираат минимум неколку часа покриени во фрижидерот или најдобро прекуноќ.

Загрејте на рерната на 180 ͦC и печете ги врз хартија околу 1 час додека целосно не заруменат.

5-prevkusni-recepti-koi-se-podgotvuvaat-samo-so-3-sostojki (1).jpg

Авокадо бротчиња со морски ракчиња

Што ви е потребно?

  • 2 зрели авокада
  • 200 gr морски ракчиња
  • Мајонез или крем-павлака и зачини

Подготовка:

Поделете ги авокадата на половина без да ги лупите. Извадете ја само семката.

Со помош на лажица или нож извадете ја содржината на овошјето и исечкајте го.

Помешајте го изгмеченото авокадо со ракчињата, додадете малку мајонез. За да не биде вкусот премногу тежок додадете и малку крем-павлака.

Зачинете по желба со сол, бибер и лук во прав.

Наполнете ги испразнетите половини авокадо со смесата.

Можете да декорирате со свеж магдонос.

5-prevkusni-recepti-koi-se-podgotvuvaat-samo-so-3-sostojki (5).jpg

Камембер сирење печено со јаткасти плодови и мед

Што ви е потребно?

  • Мала пита камембер сирење
  • 2-3 лажици мед
  • Јаткасти плодови (ореви, пекан ореви)
  • Маслиново или растително масло

Подготовка:

Во садот за печење ставете ја питата камембер. Направете мали засеци во неа.

Пропрскајте ја со маслиново или растително масло, покријте ја со алуминиумска фолија и печете ја во рерна 5-10 минути.

Питата е веќе мека и течна. Извадете ја, и додадете ги претходно тостираните јаткасти плодови и медот врз неа.

Послужете со крекери и бело вино.

5-prevkusni-recepti-koi-se-podgotvuvaat-samo-so-3-sostojki (4).jpg

Бабагануш

Што ви е потребно?

  • 2 модри домати
  • 6 лажици маслиново масло
  • Лук и зачини

Подготовка:

Исечкајте го лукот и пропржете го на маслиново масло.

Исечете го модрите домати на половина. Печете ги намачкани со пропржениот лук врз нив во загреана рерна на 180 ͦC околу 20 минути.

Откако ќе ги извадите и ќе се подоладат излупете ги и блендирајте ги во блендер додека смесата не стане мазна.

Зачинете по вкус со сол, лук и уште малку маслиново масло.

Сервирајте со крекери.

5-prevkusni-recepti-koi-se-podgotvuvaat-samo-so-3-sostojki (3).jpg

Колаченца со путер од кикирики

Што ви е потребно?

  • 1 шолја путер од кикирики
  • 1 шолја шеќер
  • 1 јајце

Подготовка:

Измешајте ги сите три состојки во блендер или со маталките за тесто.

Формирајте округли колаченца и печете ги во загреана рерна на 180 ͦC околу 15 минути.

5-prevkusni-recepti-koi-se-podgotvuvaat-samo-so-3-sostojki (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg