Кремаст колач со дупчиња после кој ќе излижете прсти
Како што и самата слика ќе ви наложи – ќе мора да го пробате уште денес.
Кремаст е, екстремно сладок и лесен за подготовка.
Потребни состојки:
За бисквит:
- 2 шолји шеќер
- 4 јајца
- 2 ½ шолји брашно
- 1 шолја млеко
- ¾ шолја масло
- 2 ¼ лажички прашок за печиво
- 1 лажица екстракт од ванила
Крем:
- 2 пудинзи од ванила сварени според упатството
Глазура:
- 240g чоколадо
- 1 шолја слатка павлака
Подготовка:
Шеќерот и јајцата изматете ги со миксер додека смесата не стане пенеста, а потоа додавајте ги брашното, прашокот за печиво, млекото, маслото и ванилата. Добро изматете. Смесата ставете ја во тепсија која претходно ќе ја подмачкате и печете на температура од 175 степени 30-40 минути.
Штом го извадите бисквитот, со подебела цевка направете дупчиња по целата површина.
Пудингот сварете го вообичаено, па кога ќе се олади истурете го врз бисквитот.
За глазура, стопете го чоколадото и додадете ја павлаката. Загревајте до точка на вриење, па прелијте го колачот.
Оставете да се олади неколку часа, па потоа сечете коцки.
М. Д. | Црнобело