Домашна Кит-Кат торта со наполитанки
Кој може да одолее на вкусна и лесна тортичка со наполитанки и сладолед, одлична за летните денови?
Сигурни сме дека оваа торта ќе ги задоволи вкусовите на сите. Подготовката е едноставна и брза, па со малку труд, за кратко време ќе можете да уживате во овој летен десерт.
Потребни состојки:
- чоколадо искршено на ситни парчиња
- слатка павлака
- наполитанки или кит кат чоколатца
- сладолед од ванила
- растопено чоколадо за прелив
Подготовка:
Со жица за матење измешајте ги ситните чоколадни парчиња со малку слатка павлака.
Во сад за печење ставете хартија за печење и наредете еден ред наполитанки (или кит кат чоколатца). Врз нив ставете сладолед од ванила. Наредете уште еден ред, па прелијте со чоколадниот прелив.
Постапката повторете ја уште двапати.
За декорација, наросете искршени наполитанки и чоколаден прелив.
Оставете ја тортата во фрижидер 4 часа.
М. В. | Црнобело