Десерт на денот: Куглов торта од која тече чоколадо

На љубителите на благо, никогаш не им е доста од нови вкусни десерти.

vkusen-i-lesen-kuglov-kolach-so-stopeno-chokolado-01.jpg

Дел од нив сакаат само да го вкусат тоа слатко задоволство, но има и голем дел кои сами сакаат да си го приготват.

За оние вторите, нудиме плус рецепт кој ќе го вметнете во вашата колекција, а наликува на огромен топло-ладен колач.

Најверојатно, ќе посакате да го направите уште денес и да уживате во овој куглов колач со растопено чоколадо.

Потребни состојки:

  • 1 пакување готова мешавина за чоколадна торта
  • 1 шолја вода
  • 1/3 шолја масло
  • 3 јајца
  • 2 шолји хопла
  • 450 gr темно чоколадо
  • Какао (за сервирање)

Начин на подготовка:

Прво загрејте ја рерната на 175⁰С. Потоа во голем сад ставете ја мешавината за торта и измешајте со вода, масло и јајца. Мешајте додека смесата целосно не се соедини.

Префрлете ја мешавината во подмачкан калап за куглов и печете 35-45 минути.

Загрејте ја хоплата во мало тавче додека не почне да врие. Префрлете во сад со средна големина заедно со темного чоколадо и мешајте додека не се соединат.

Префрлете го колачот од калапот во сад за сервирање и во дупката истурајте од чоколадната смеса овозможувајќи да претече од сите страни.

Посипете какао одозгора и оставете ја 30 минути настрана.

Уживајте!

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колач со вишни, по рецептот на нашите баби Ако носталгијата има мирис и вкус, тогаш сигурно потсетува на колачот со вишни ш...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Брз и хранлив оброк: Јајца со кисело млеко или павлака, на турски начин Пржените јајца честопати се дел од нашите оброци, а најчесто ги подгот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg