4 рецепти за мезиња и грицки готови за 10 минути

Мезињата и грицките се спас кога ќе ви дојдат многу гости, а не планирате да готвите со часови за да ги најадете.

4-recepti-za-mezinja-i-gricki-gotovi-za-10-minuti-001.jpg

Сепак, не можете да послужите само чипс или соленки, па вреди во ракав да имате неколку брзи рецепти кои ќе изгледаат како навистина да сте се потрудиле и посветиле.

Овие 4 се токму такви:

Залчиња чипс со сос

Состојки:

  • Чипс по желба
  • 300g домати
  • 100g сирење
  • Малку лук
  • Мајонез
  • Маслинки
  • Зачини

Ситно исечкајте ги доматите, изронете го сирењето во нив и промешајте. Додадете малку толчен лук или лук во прав, а потоа и мајонезот.

Најдобро е сосот да го ставите непосредно пред послужувањето на парчињата чипс, за чипсот да не омекне. Декорирајте со половина маслинка.

4-recepti-za-mezinja-i-gricki-gotovi-za-10-minuti-01.jpg

Домати со намаз од сирење

Состојки:

  • 2-3 домати со средна големина
  • Сирење по желба
  • Малку лук
  • Мајонез
  • Зачини

Изронете го сирењето и додадете го лукот. Измешајте заедно со мајонезот и зачините.

Намазот ставете го на тенко сечкани кругови домати и декорирајте по желба.

4-recepti-za-mezinja-i-gricki-gotovi-za-10-minuti-02.jpg

Модри патлиџани со ореви

Состојки:

  • 2 модри патлиџани
  • Малку лук
  • 200g ореви
  • Масло
  • Мајонез
  • Сол

Исечете ги модрите патлиџани на подебели листови и пропржете ги во масло неколку минути.

Исечкајте ги ситно оревите и помешајте со малку мајонез додека не добиете густа мешавина. Посолете и зачинете.

Во пропржените патлиџани ставете малку од смесата и замотајте ролнички. Поставете ги како на сликата и украсете со половина орев.

4-recepti-za-mezinja-i-gricki-gotovi-za-10-minuti-03.jpg

Полнета шунка

Состојки:

  • 300g шунка
  • 200g сирење
  • 3 тврдо варени јајца
  • Малку лук
  • Мајонез и павлака
  • Зачини

Одвојте ги жолчките од белките. Жолчките изронете ги во посебен сад, додека белките ќе ги изрендате и ќе ги измешате со сирењето, зачините, лукот, мајонезот и павлаката.

На работ од парчињата шунка ставете од белиот намаз, а потоа пропрскајте со изронетите жолчки. Замотајте ги како ролни.

4-recepti-za-mezinja-i-gricki-gotovi-za-10-minuti-04.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Сочна паста со шери домати и фета сирење, во Air Fryer Паста е секогаш одлична идеја, без оглед дали сакате макарони, шпагети или орзо....
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Брз летен ручек: Полнети пиперки со фета сирење и сланина Сте пробале ли полнети пиперки со сирење и сланина? Ако не, ова ќе ви стане омил...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg