Брзински ручек: Француски компир со сланина
Францускиот печен компир е класичен рецепт со кој се служиме кога не знаеме што да зготвиме, а и немаме многу време.
Некои го прават само со компир и јајца, додека други додаваат и зеленчуци.
Денес ви нудиме крцкава варијанта со сланина.
Потребни состојки:
- 800g компири
- 1 кромид
- 4 варени јајца
- 1 свежо јајце
- Сланина
- 1 чаша кисела павлака
- Сол, бибер и зачини по желба
Подготовка:
Компирите и јајцата сварете ги одвоено. Кога ќе бидат готови исечете ги на кругови.
Сланината и кромидот исечете ги на коцки и пропржете ги на масло неколку минути.
Во керамички сад потоа ставете ред од компирите, ред јајца, ред од сланината и кромидот. Правете редови додека не ги потрошите состојките.
На крај прелијте со кисела павлака. Печете на 200 степени додека компирот не добие крцкава кора.
Може да изрендате кашкавал или да ставите пармезан по желба.
М. Д. | Црнобело