За енергичен почеток на работниот ден - здрава салата во тегла
Вкусна, здрава, вегетаријанска и без глутен – што повеќе би посакале од еден оброк?
Оваа салата ќе ви даде доволно енергија за да го отпочнете денот и да останете сити подолг временски период.
Воедно, сите кои мразат да јадат од пластични садови ќе се израдуваат бидејќи оваа салата може да ја подготвите и спакувате во стаклена тегла.
Салатата која може да ја поделат двајца содржи 525 калории, а се потребни само 15 минути за подготовка.
Еве што ви е потребно:
- 2 праски
- 5 домати со средна големина
- 1 лажица чиа семе
- 1 авокадо
- ¼ шолја варена киноа
- 1 шолја црн (или црвен) грав од конзерва
- 2 шолји ситно сечкана марула
- 50g фета сирење
Начин на подготовка:
Исечкајте ги ситно на коцки праските и доматите. Додадете чиа семе во мешавината.
Сварете ја киноата според упатството (соодносот е 1/3 киноа и вода, додека водата целосно не изврие). Додека се вари исечкајте го авокадото и марулата.
Во чиста голема тегла ставете слој праски на дното. Потоа додадете ја киноата, црниот или црвениот грав, фета сирењето, авокадото и марулата.
Можете да ја чувате во фрижидер до консумирање.
Направете си сопствен прелив за салатата од маслиново масло, сок од свеж лимон, сенф и зачини по желба.
Пријатно јадење.
(О)Милена | Црнобело