3 брзи, солени медитерански рецепти
Медитеранскиот начин на исхрана ни е омилен во лето. Состојките се свежи и лесни, па нивната подготовка е уште поедноставна.
Базирана на многу овошје и зеленчук, чисто месо, морски плодови, риба и вино во умерени количини, оваа исхрана е идеална за здрави, а вкусни комбинации на вкусови.
Ви предлагаме 3 медитерански рецепти кои одлично се вклопуваат во летното мени:
Медитеранска салата во лепче
Во пита лепче пресечено на половина наполнете рендани моркови, млад спанаќ, кршено фета сирење, сушени домати, црни маслинки и малку наут. Може да прелиете со маслиново масло и зачини по желба.
Медитерански бургери со модар патлиџан
Едно округло лепче пресечете на половина и намачкајте го со песто. Мали парчиња тврдо сирење ставете на скара неколку минути, а потоа истото направете го и со дебели парчиња модар патлиџан. Патлиџанот може да го прелиете со маслиново масло и зачини по желба. Потоа ставете ги парчињата патлиџан и коцките сирење врз пестото. Додадете шери домати по желба. Поклопете со другата половина од лепчето.
Ѕаѕики со авокадо
Измешајте 1 зрело изгмечено авокадо со 250g павлака. Изрендајте 2-3 краставици и ставете ги во мешавината. Изгмечете 2-3 чешниња лук, исцедете половина лимон, додајте копар и сол. Мешајте додека не добиете густа еднолична смеса. Послужете со фокача лепче.
М. Д. | Црнобело