Хит рецепт за ова лето: Лубеница сладолед во калапи
Од јуни до септември сите сме навлечени на лубеница и сладолед.
Овие две работи се одличен начин за разладување во жешките летни денови. Но, што ако постои начин двете да ги споите во едно?
За врвно уживање, направете сладолед од лубеница. Ќе изгледа преслатко и ќе биде превкусно.
Потребни состојки:
- 3 ½ шолји лубеница исчистена од семки
- 5 ½ лажици шеќер
- 1 лажица лимонов сок
- ½ шолја кокосово млеко
- 6 киви
- 1 лажица чоколадни трошки
- стапчиња за сладолед
Начин на подготовка:
Ставете ја лубеницата, 2 лажици шеќер и лимоновиот сок во блендер и направете убава смеса.
Полека претурете ја смесата во калапите за замрзнување сладолед. Наполнете само малку повеќе од половина за да има простор за другите состојки.
Попрскајте со чоколадни топчиња за да креирате илузија на семки од лубеница. Ако ги турнете кон краевите ќе бидат повидливи.
Покријте со капак и ставете го садот во замрзнувачот околу три часа.
Додека чекате, измешајте го кокосовото млеко со 1.5 лажица шеќер. Потоа смесата оладете ја во фрижидер половина час, па додадете ја во садот каде што се сладоледите од лубеница.
Ставете по една лажица во секој калап за сладолед. Ако смесата не е доволно оладена, може да се измеша со лубеницата и да ја расипе бојата.
Садот повторно ставете го во замрзнувачот 45 минути.
Пресечете ги кивите на половина и ставете ги во блендер. Додадете 2 лажици шеќер и добро изматете.
Додадете ја и оваа смеса во калапите одозгора, наместете ги стапчињата и повторно смрзнете.
Извадете ги сладоледите така што ќе го полиете садот од страна со топла вода.
Подготвени се за јадење. Уживајте!
С. С. | Црнобело