9 јадења што треба да научите да ги готвите до 30-тата
Тестенини со доматен сос
Ставете излупени и исечени домати или готов доматен сос во тавче, додадете 5 лажици путер, пола кромид и сол.
Гответе го на тивко околу 45 минути додека смесата не се соедини убаво. Сварете ги тестенините, измешајте ги во сосот и посипете рендано сирење или пармезан.
Куп палачинки
Скршете 3 јајца и одвојте ги жолчките од белките. Изматете ги белките и додадете прстофат сол. Потоа измешајте ги жолчките со цимет, шеќер, ванила и сода, изматете ги и додадете 2 чаши слатка павлака и 2 чаши брашно.
Измазнете ја смесата и истурајте во тавче по малку правејќи ја посакуваната форма. Печете од двете страни и редете ги една врз друга.
Пире
Сварете 8 мали компири. Во сад измешајте ½ лажиче сол, бибер, лук во прав, ½ шолја павлака, малку рендано сирење по желба и ¼ путер.
Додадете ги сварените компири и мешајте додека не добиете кремаста смеса.
Лосос со лук и сенф
Загрејте ја рерната на 230°С. Во мал сад измешајте 2 лажички сечкан магдонос, 2-3 чешниња лук, ½ лажица сенф, ½ лажиче сол, 1/8 лажиче бибер, 1/8 шолја маслиново масло и 2 лажици сок од лимон.
Врз плехот ставете хартија за печење и наредете ги парчињата лосос, па врз нив истурете од мешавината. Можете да ставите и цели парчиња лимон одозгора и печете 12-15 минути.
М. М. | Црнобело