9 јадења што треба да научите да ги готвите до 30-тата
Ретко кој до 30-тата година не се обидел да направи барем неколку најосновни јадења.
Дури и оние кои не се вешти во кујна, треба да знаат да подготват по некој ручек, без разлика дали се тоа макарони или печено месо.
Важно е да се почне од некаде, а потоа сѐ станува полесно.
Затоа ние направивме листа од 9 јадења кои треба да знаете да ги подготвувате до 30-тата година:
Тестенини со сирење
Сварете ги тестенините според инструкциите кои ги пишува на пакувањето. Стопете половина пакување путер, додадете 4 лажици брашно, 2 ½ чаши млеко или хопла и измешајте. Во мешавината додадете зачини, 2 јајца и сирење.
Истурете го сосот во тестенините и ставете ги во рерна 10-тина минути додека не добијат златна боја.
Италијански омлет
Прво загрејте ја рерната. Во голем сад измешајте 8 јајца, ¼ чаша млеко, сол и бибер и тргнете го настрана. Во загреана тава испржете 3 парчиња сланина, додадете ½ сечкан кромид, шери домати по желба и блитва.
Мешајте ги 30 секунди и потоа истурете ја мешавината од јајца и посипете рендано сирење. Оставете го тавчето 30-тина секунди на загреана рерна, а по желба можете да го ставите и да се испече 10-тина минути.
Печено пиле
За да се подготви совршено испечено пилешко ви се потребни само 3 состојки: бибер, сол и пиле. Прво, оставете месото да ја постигне собната температура и не го мијте со вода.
Загрејте ја рерната на 230°С, зачинете го добро од сите страни, заврзете му ги нозете и ставете го во рерна 50-60 минути.
Печен зеленчук
Прво загрејте ја рерната. Измешајте го сечканиот зеленчук – 1 голема брокула, тиквица, неколку шери домати, 3 моркови, кромид и печурки и додадете уште нешто по ваша желба.
Печете го 35-40 минути, со тоа што на 15 минути можете да го вадите од рерна, да го промешате и повторно да го вратите.
Пржен тост
Стопете малку путер во тава на тивок оган и испржете ги двете лепчиња од двете страни. Извадете го лебот и ставете неколку парчиња кашкавал меѓу двете парчиња.
Повторно стопете малку путер и запржете го тостот од двете страни по малку, без да изгори.