Рецепт за сладолед од банани, со 4 вкусови
Заборавате на класичните состојки за подготовка на домашен сладолед, како млеко, слатка павлака или јајца. Сé што ви е потребно се 2-3 зрели банани. Излупете ги, исечкајте на парчиња и замрзнете ги.
Ставете ги во блендер и блендирајте на најсилна брзина додека смесата не стане мазна и глатка (некаде од 3 до 5 минути).
Време е за 4 нови вкусови сладолед кои се додаваат на основната банана-смеса.
Еве го првиот:
Нане и темно чоколадо
На основната смеса додадете ¼ шолја свежо нане и ¼ шолја парчиња темно чоколадо (количините се произволни и може да варираат според вкусовите, односно помалку нане – повеќе темно чоколадо или обратно).
Блендирајте додека смесата не се изедначи и ставете ја во замрзнувач. Сервирајте по неколку часа.
За неодолив сладолед од јагоди само додадете 1 шолја сечкани јагоди во банана-смесата (може и свежи или замрзнати).
Доколку сакате поостри и необични вкусови, дадете му шанса на сладоледот со зелен чај. На основната банана-смеса додадете само 1 лажичка зелен чај во прав (количината на зелен чај исто така може да варира согласно вкусот).
Доколку сте љубител на сладок чоколаден вкус во основната банана-смеса додадете 2 големи лажици темно квалитетно какао и блендирајте додека не стане мазно.
Летото штотуку стана многу полесно, нели?
Уживајте во слатките вкусови на замрзнатиот банана сладолед со додатоци и смислете си уште неколку, по ваш вкус.
(О)Милена | Црнобело