Десерт за 5 минути: Чизкејк малини

Необични чизкејк колачиња со полнети малини, за кои не ви треба печење и се подготвуваат за неколку минути – постои ли подобра комбинација?

desert-za-5-minuti-chizkejk-malini-01.jpg

Овие мали колачиња освен што се превкусни, изгледаат многу декоративно, па ќе можете  да се покажете во одлично светло пред вашите гости или пред семејството, викендов.

Сѐ што треба е да потопите малини во чоколадо и да ги наполните со чизкејк фил.

Потребни состојки:

  • ¾ шолја темно или млечно чоколадо
  • 170 g свежи малини или вкупно 30 малини
  • 55 g полномаслено крем сирење, на собна температура
  • 1 голема лажица + 1 мала лажичка шеќер
  • ¼ лажичка ванила (по желба)

Начин на подготовка:

Земете голем плех, ставете на него хартија за печење и тргнете го настрана.

Во мал сад ставете го чоколадото и оставете го во микробранова околу 15 секунди или додека чоколадото целосно не се стопи.

Потопете го долниот дел, односно 2/3 од секоја малина во стопеното чоколадо и наредете ги на хартијата.

Во меѓувреме, во сад со средна големина, изгмечете го крем сирењето, додадете ги шеќерот и ванилата и мешајте додека не се соедини смесата. Префрлете ја смесата во кесе и направете дупче на врвот со ножици.

Полнете ги сите малини подеднакво со филот и на крај израмнете го врвот со нож за мачкање.

Оставете ги во фрижидер да се изладат или уживајте во нив веднаш.

desert-za-5-minuti-chizkejk-malini-02.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Рецепт за путер колачиња со рум од кои ќе замириса целиот дом Денес ви прикажуваме еден супер лесен рецепт за путер колачиња со рум. Лесен ...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Брз ролат со плазма и овошје (без печење) Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg