Брзи летни идеи: Солени рецепти од само 5 состојки

За вкусен оброк не ви требаат многу состојки. Повеќето врвни готвачи се водат токму по ова правило - колку помалку, толку подобро, колку поедноставно, толку повкусно.

brzi-letni-idei-6-soleni-recepti-od-samo-5-sostojki-01.jpg

Затоа, ви предлагаме неколку јадења за кои ви требаат само 5 состојки:

1. Лосос + прокељ + лук + оригано + маслиново масло

Подготовка: Сите состојки ги комбинирате по желба и големина на семејството, а ги печете на температура од 220 степени, 25 минути.

brzi-letni-idei-6-soleni-recepti-od-samo-5-sostojki-1.jpg

brzi-letni-idei-6-soleni-recepti-od-samo-5-sostojki-2.jpg

2. Њоки + сланина + пилешки бујон + спанаќ + горгонзола

Подготовка: Заедно комбинирате половина шолја бујон, 6 парчиња сланина, едно пакување њоки, 2 шолји спанаќ и сирење по желба.

brzi-letni-idei-6-soleni-recepti-od-samo-5-sostojki-3.jpg

brzi-letni-idei-6-soleni-recepti-od-samo-5-sostojki-4.jpg

3. Пилешко + кромид + пиперки + лут зачин + тортиљи

Подготовка: Повторно, состојките ги комбинирате по желба (колку сте гладни и за колку луѓе правите), а истите, пред да ги ставит во тортиљи ги печете на температура од 220 степени од 20 до 25 минути.

brzi-letni-idei-6-soleni-recepti-od-samo-5-sostojki-5.jpg

brzi-letni-idei-6-soleni-recepti-od-samo-5-sostojki-6.jpg

4. Бабури + црн грав + киноа + кашкавал + салса

Подготовка: Ви требаат 6 бабури, конзерва готов темен грав, киноа по желба, 2 шолји кашкавал и шолја салса. Сите состојки се ставаат во бабурите и истите се печат на температура од 220 степени, 30 минути.

brzi-letni-idei-6-soleni-recepti-od-samo-5-sostojki-7.jpg

brzi-letni-idei-6-soleni-recepti-od-samo-5-sostojki-08.jpg

5. Панга (или риба по желба) + паста од чили пиперчиња + млад кромид + компири + маслиново масло

Подготовка: Ставате по едно парче панга за секој член од семејството и комбинирате од сите состојки по желба. Истите ги печете на загреана рерна околу 30 минути, односно додека состојките не добијат златно-жолта боја.

brzi-letni-idei-6-soleni-recepti-od-samo-5-sostojki-9.jpg

brzi-letni-idei-6-soleni-recepti-od-samo-5-sostojki-10.jpg

6. Тортиљи + грав + гвакамоле + кашкавал + пилешко

Подготовка: Ова е рецептот после кој нема да сакате да се мачите со ништо друго, цело лето. На тортиљите ставате по малку од секоја останата состојка и уживајте во сочниот, лесен оброк.

brzi-letni-idei-6-soleni-recepti-od-samo-5-sostojki-12.jpg

brzi-letni-idei-6-soleni-recepti-od-samo-5-sostojki-11.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Лесен рецепт за брза вечера: Пита од тортиљи со растопен кашкавал и шунка Мека пита со парченца шунка и растопен кашкавал, без месење, тегнење и чекање......
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg