3 ручеци за оние кои не сакаат да готват, а сакаат да јадат нешто вкусно

Има денови кога имате милион попаметни работи и обврски, отколку да застанете пред шпоретот и 2 часа да готвите ручек.

3-ruceci-za-onie-koi-ne-sakaat-da-gotvat-a-sakaat-da-jadat-nesto-vkusno-001.jpg

Ако и вам секој втор ден ви е баш ваков, или едноставно сакате да го искористите денот без да треба да се затворате во кујната, ви предлагаме 5 рецепти.

Вкусни се, брзи и не бараат многу комплицирани постапки и состојки.

Печена паста со доматен сос и топен кашкавал

Состојки:

  • 300г тестенини
  • 150g кашкавал
  • 100g доматно пире
  • Зачини по желба
  • Сол, бибер
  • Шери домати по желба

Сварете ги тестенините во солена вода. Премачкајте една овална тава со масло или путер, па ставете ги тестенините во неа. Измешајте го доматното пире. Пропрскајте со рендан кашкавал и печете 30 минути. 10 минути пред крај додадете ги доматите, доколку ги користите.

3-ruceci-za-onie-koi-ne-sakaat-da-gotvat-a-sakaat-da-jadat-nesto-vkusno-01.jpg

Пржени печурки во зачинет крем

Состојки:

  • 300g шампињони
  • 3 големи лажици крем за готвење
  • 1 мала главица кромид
  • Масло
  • Сол, кари, ким

Исечкајте го кромидот, пропржете го на масло, а потоа додадете ги сечканите печурки. Пржете 15-20 минути со постојано мешање додека течноста не испари. Додадете ги зачините и кремот. Гответе уште 5 минути.

3-ruceci-za-onie-koi-ne-sakaat-da-gotvat-a-sakaat-da-jadat-nesto-vkusno-02.jpeg

Ролни од мини виршли и сланина

Состојки:

  • Мини виршли
  • Парчиња сланина (количината одредете ја по вкус)

Секоја виршла замотајте ја во парче сланина и зацврстете со чепкалка. Печете 10-15 минути во рерна. Комбинирајте со крем сос од мајонез и павлака или доматно пире.

3-ruceci-za-onie-koi-ne-sakaat-da-gotvat-a-sakaat-da-jadat-nesto-vkusno-03.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Викенд мезе: Мини тортиљи со пилешко и зеленчук по турски рецепт Мини пилешките тортиљи по турски рецепт се деликатес кој мора да го пробате. ...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Сочно пилешко во сос од сенф и кари Ако немате идеја за ручек или сакате да зготвите нешто вкусно кога ќе поканите г...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg