Нов тренд за летната сезона: Пица од лубеница

Без да погледнете во сликите, зборчињата „пица“ и „лубеница“ сигурно не ви одат во иста реченица. Па дури можеби идејата ви звучи ужасно. Но, кога ќе видите за што станува збор, сигурни сме дека овој ладен и креативен оброк, ќе ви биде фаворит ова лето.

nov-trend-za-letnata-sezona-pica-od-lubenica-01.jpg

Малите триаголни парчиња лубеница служат како „тесто“ од пица. Јогурт или крем сирење е замена за сос на пицата, а додатоците ги оставаме на вашата имагинација.

Дали ќе ги направите солени или слатки, нека остане ваш избор, во зависност од вкусот и желбата.

Солена пица од лубеница

Исечете ја лубеницата хоризонтално на парчиња со дебелина од 2-3 cm. Врз лубеницата ставете фета сирење и парчиња пиперка.

Ставете малку црн пипер, истискајте малку сок од лимон и прелијте ја со мала лажичка мед. На лубеницата можете да одземете или да додадете и други работи, по ваш вкус.

Сервирајте ја лубеницата во триаголни парчиња, како што би направиле и со обична пица.

bas-za-sezonata-na-lubenici-picata-od-lubenica-e-vistinski-trend-ova-leto-4

nov-trend-za-letnata-sezona-pica-od-lubenica-2_2.jpg

Слатка пица од лубеница

Во мал сад размешајте малку крем сирење, мед и ванила. Ставете ја смесата врз лубеницата и одозгора наредете јагоди, малини, капини, нане, кокос и други додатоци, по ваш избор.

Сервирајте ја лубеницата во триаголни парчиња како што би направиле и со обична пица.

bas-za-sezonata-na-lubenici-picata-od-lubenica-e-vistinski-trend-ova-leto-03.jpg

nov-trend-za-letnata-sezona-pica-od-lubenica-005.jpg

nov-trend-za-letnata-sezona-pica-od-lubenica-004_copy.jpg

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пица кроасани од лиснато тесто, готови за 30 минути Одлични се и за ужинка и за вечера, но и да ги направите кога ќе ви се најават г...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Рецепт за здрава пица со тесто од црвена леќа, погодна и за деновите кога се пости Направете една поинаква пица и изненадете ги вашите блиски со вкус кој не го оче...
Брз летен ручек: Полнети пиперки со фета сирење и сланина Сте пробале ли полнети пиперки со сирење и сланина? Ако не, ова ќе ви стане омил...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg