3 енергетски пролетни салати

Никогаш не можете да погрешите со сезонскиот зеленчук, па затоа измешајте сè што имате во еден подлабок сад и добивате енергетска салата која успешно ќе се избори со пролетниот замор.

3-energetski-proletni-salati-01.jpg

Ако не знаете од каде да почнете, ви предлагаме 3 рецепти:

Шарена салата

Потребни состојки:

  • 1 врзувалче рукола
  • 1 мала црвена зелка
  • 2 млади моркови
  • Неколку листови зелена салата
  • 1 топче моцарела
  • 3 тврдо варени јајца
  • Неколку тенки листови пршута
  • Ротквици
  • 2 лажици сок од лимон
  • Маслиново масло
  • Сол, бибер

Подготовка:

Зеленчукот добро измијте го и исечкајте го на ситни парчиња. Морковот може да го изрендате. Моцарелата и јајцата исечете ги на коцки. Зачинете, промешајте и на крај декорирајте со листовите пршута.

3-energetski-proletni-salati-02.jpg

Салата со пилешко и манго

Потребни состојки:

  • 2 пилешки филети, печени на скара, зачинети по вкус
  • 1 зрело манго
  • Зелена салата и рукола
  • 1 црвена пиперка
  • Лажица индиски оревчиња

За прелив од лимета:

  • 100ml сок од лимета
  • Малку рендана кора
  • 2 лажици ситно рендан ѓумбир
  • 3-4 лажици маслиново масло
  • 1 чешне истолчен лук
  • Малку коријандер, бибер и сол

Подготовка:

Мангото излупете го и исечете го на коцки, а пиперката исечете ја на кругови. Зелената салата дбро измијте ја и заедно со руколата иситнете ги. Се заедно промешајте. Пропржете ги индиските оревчиња, па додадете ги во садот. Додадете го и пилешкото. За преливот, измешајте ги сите состојки во една чашка и прелијте ја салатата.

3-energetski-proletni-salati-03_copy.jpg

Валдорфска салата

Потребни состојки:

  • 50g рукола
  • 250g корен од целер
  • 1 зелено јаболко
  • 30g печени ореви и бадеми, грубо сечени
  • 2 лажици лимонов сок

За прелив:

  • 2 лажици мајонез
  • 1 лажица павлака
  • ½ лажица сенф
  • 2 лажици сок од лимон
  • Сол и бибер

Подготовка:

Руколата измијте ја, исечкајте ја. Истото направете го и со целерот. Јаболкото преполовете го и исечкајте го на тенки парчиња. Прелијте со сок од лимон. Преливот направете го така што ќе ги промешате сите состојки и ќе го додадете врз зелената мешавина. Проросете со грубо сечканите јаткасти плодови.

3-energetski-proletni-salati-04.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Лесна салата со макарони и свеж зеленчук – идеална за топлите денови Кога надвор е претопло и немате желба за многу готвење, ниту за јадење тешка хра...
Крофни со боровинки и прелив од лимон, се топат во уста Овие крофни не се пржат, а остануваат меки и неколку дена (но сигурни сме дека ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg