Подготвени за лето: Рецепт за замрзнати коктели

Замрзнатите пијалaци ни се на највисоко место на листата на приоритети за топлите летни денови. Сепак, понекогаш, неколку коктели не ни ја оправдуваат макотрпната работа со кршење на ледот и ризикот од кршење на блендерот.

spremni-za-leto-recept-za-kesicki-so-zamrznati-kokteli-001.jpg

Овие работи некако не се во согласност со релаксирачката летна атмосфера која сакаме да ја имаме. За среќа, постои начин како да направите замрзнати коктели на многу лесен начин, што ќе ви биде од неверојатна помош ова лето.

Следниве рецепти за кесички со коктели се направени со совршен баланс, за да се постигне токму оној изглед на замрзнатост што го сакаме. Можете да ги чувате во фрижидерот и да бидат готови за пиење кога и да посакате.

Секогаш ќе бидете само едно секунда оддалечени од превкусен замрзнат коктел.

Замрзнато мохито

Мохитото дефинитивно не е многу едноставен коктел за правење, но за овој рецепт не ви треба блендер, ниту многу мешање.

Потребни состојки:

• 60 ml бел рум
• 60 ml сок од лимон
• 45 ml сируп од нане
• 15 ml вода
• Свежо нане

Сирупот од нане се прави од 15 грама шеќер, 15 грама свежо нане и 15 мл вода. Оставете ги да зовријат и мешајте додека шеќерот не се соедини со смесата. Можете да го чувате во фрижидер и до 2 недели.

Начин на подготовка:

Размешајте ги сите состојки, освен свежото нане.

Внимателно истурете ја смесата во пластичното ќесенце. Затворете ја пластичната ќеса, притоа обидувајќи се да извадите колку што е можно повеќе воздух од ќесата.

Оставете ја ќесата во фрижидер да замрзнува 2-3 часа или додека да добие изглед на снег. Ставете ја течноста во чаша и сервирајте со свежо нане.

spremni-za-leto-recept-za-kesicki-so-zamrzani-kokteli-2

Замрзната манго маргарита

Совршен летен пијалак со вкус на манго, текила и лимон. Додадете уште малку сол и можете да се чувствувате како да сте во Мексико.

Потребни состојки:

• 60 мл текила
• 60 мл сок од манго
• 30 мл сок од лимон
• 30 мл Агаве сируп (кој можете да го купите во сите продавници за здрава храна)
• 15 мл вода
• Сол

Начин на подготовка:

Размешајте ги сите состојки освен солта.

Внимателно истурете ја смесата во пластичното ќесенце. Затворете ја пластичната ќеса, притоа обидувајќи се да извадите колку што е можно повеќе воздух од ќесата.

Оставете ја ќесата во фрижидер да замрзнува од 2-3 часа или додека да добие изглед на снег. Ставете ја течноста во чаша и сервирајте со сол и лимон.

spremni-za-leto-recept-za-kesicki-so-zamrznati-kokteli-4

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
5 предлог посни рецепти за деновите кога не знаете што да јадете Пет рецепти без масло и со масло за деновите додека трае постот. Што можете да п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg