Како капка дожд: Проѕирна тортичка со јагоди
Магичната и безбојна јапонска тортичка изгледа како вистинско чудо, а всушност, мошне едноставно е да ја направите.
Проѕирна, заоблена и по малку лигава, оваа атрактивна тортичка повеќе наликува на топче со кое би си играле деца, отколку на десерт. Но, станува збор за иновативен рецепт кој воодушевува на прв поглед.
Тортата со назив „Raindrop“ („Капка дожд“) доаѓа од Јапонија, го освои Њујорк, а од 15-ти, мај во неа ќе уживаат и жителите на Лондон, доколку одлучат да го посетат ресторанот Yamagoya.
Овој проѕирен десерт може да го консумираат и вегани, бидејќи се изработува од агар во прав. Агарот е желатинозна супстанца, добиена од алги, а главно се користи како состојка во десертите низ Азија. Се нарекува и кантен, служи како растителна замена за желатинот, а достапен е во продавниците за здрава храна.
https://www.instagram.com/p/BTky3ffDklQ/
Кога на агарот ќе му се додаде шеќер, вода и малку трпение, настанува оваа луда атракција, која никого нема да го остави рамнодушен. Во оригиналната верзија се служи празен, но многумина го надополнуваат со овошје, прехранбени бои и преливи, што само додава на посебноста на овој десерт.
Доколку сакате и самите да се испробате во изработката на „дождовна капка со јаготка“, тогаш следете ги едноставните упатства од видеото:
М. А. | Црнобело