Чоколадната торта на кралицата Елизабета: Се прави за 10 минути, без печење

Британската кралица Елизабета секој оброк го завршува со нејзината омилена, лесна и чоколадна торта.

cokoladnata-torta-na-kralicata-elizabeta-se-pravi-za-10-minuti-bez-pecenje-1.jpg

За чудо, кралскиот рецепт е помалку гламурозен отколку што очекувавте, па затоа може да го направи секој во секој момент, бидејќи се потребни само 10 минути.

Идеално за сите семејни и празнични собири, без многу мачење во кујна.

Потребни состојки:

  • 120g црно квалитетно чоколадо
  • 120g шеќер
  • 120g путер
  • 220g бисквити
  • 1 jajце

За подмачкување: половина лажица путер

За глазура: 220g црно чоколадо

За украсување: 20g чоколадо и малку мелени ореви и кекси

Подготовка:

Премачкајте еден плех со средна големина со малку путер и покријте го со мрсна хартија. Искршете го кексот, со големина на бадем.

Пенасто изматете го путерот со шеќерот, додадете го стопеното чоколадо и додадете едно изматено јајце.

Додајте го и искршениот кекс и смесата добро промешајте ја. Ставете ја во подмачканиот плех и во фрижидер околу 3 часа.

Прелијте со глазура од стопеното црно чоколадо, па украсете со рендано чоколадо и малку мелени ореви и кекс.

cokoladnata-torta-na-kralicata-elizabeta-se-pravi-za-10-minuti-bez-pecenje-2.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Прсти да излижете: Баунти колач со кокос и Орео колачиња, што не се пече Од овој колач задолжително ќе барате парче плус, а е омилен им е на сите оние шт...
Рецепт за пилешко полнето со печурки и пармезан Ако досега не сте зготвиле пилешки гради на овој начин, пробајте ги веднаш - нем...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg